НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заменик министерот за надворешни работи на Украина во посета на Северна Македонија

0
By Gabi Tocko on October 10, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис денеска престојуваше во работна посета на Република Северна Македонија, каде што одржа средби со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и државниот секретар во МНР, Филип Тосевски.

Перебијнис со македонските партнери дискутираше околу начините за натамошно продлабочување на билатералниот политички дијалог, за интеракцијата на двете земји во рамки на меѓународните организации, како и за учеството на Северна Македонија во спроведувањето на низа меѓународни иницијативи на Украина – Формулата за мир на претседателот Володимир Зеленски и Меѓународната Кримска платформа.

„Ја осудивме руската агресија врз Украина уште од самиот почеток, а нашата поддршка не е само политичка, туку може да се види и на дело. Во повеќе наврати Северна Македонија донираше хуманитарна и воена помош за Украина која има целосно право да се одбрани од неиспоровоцираната руска агресија“, рече министерката за одбрана.

Петровска потенцираше дека Северна Македонија заедно со сојузниците останува во поддршка на Украина сè додека е потребно, бидејќи тоа е страната на правдата и вистината.

Тој со претставниците на македонската Влада детално дискутираше и за прашањето за европската интеграција на двете држави како земји кандидати за членство во Европската унија, како и за натамошна размена на искуства во оваа област. Одделно, страните разменија мислења во врска со пристапот на Украина во НАТО и натамошната поддршка од страна на Северна Македонија на овој пат.

Јевген Перебијнис изрази благодарност до македонската страна за приклучувањето кон Основната група (Core group) за создавање на Специјалниот трибунал за злосторствата и агресијата против Украина, како и за политичката, хуманитарната и воено-техничката помош што ѝ се обезбедува на Украина.

Јевген Перебијнис Македонија посета Славјанка Петровска Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.