Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска и ОЈО ја продолжуваат истрагата за сомнителните трансакции на 950.000 евра на „Банана филм“ на Милчо Манчевски

0
By Ана Василевска on February 19, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2024 12:45

„Финансиската полиција има доставено одредени известувања за преземени дејствија и продолжува да постапува по наредбата на јавниот обвинител.“, одговорија од службата за односи со јавноста на ОЈО.

Управата за финансиска полиција која постапува по пријавата од Министерството за култура за сомнежите околу нерегуларности при трансакциите на буџетските средства наменети за одредени проекти на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски, го известила Основното јавно обвинителство.

Во одговорот на дописот за барање на информации од јавен карактер од нашата редакција се вели дека Финансиска продолжува да постапува по наредба на јавен обвинител.

„Основното јавно обвинителство Скопје во наведениот предмет постапува по кривична пријава од Агенцијата за филм, при што надлежен јавен обвинител издаде наредба за преземање определени дејствија до Управата за финансиска полиција.  Финансиската полиција има доставено одредени известувања за преземени дејствија и продолжува да постапува по наредбата на јавниот обвинител.“, одговорија од службата за односи со јавноста на ОЈО.

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Министерството за култура, лани во април,  за проектите „Мајки“ и „Врба“ на „Банана филм“, кога се констатирани нелогичности во однос на ангажирање на продукцијата „Милкман“ од Њујорк и префрлување на средства на оваа куќа, предметот е упатен на натамошно постапување на Финансиската полиција.

Севкупната документација за овие предмети на „Банана филм“ , УФП ја побарала од Агенцијата за филм во јули, минатата година и до денес се води истрага за која е известено Основното јавно обвинителство.

 

Од Финансиската полиција до затворањето на овој напис, нема одговор на прашањата што ги доставивме од нашата редакција.

По преземањето на дејствија за истрага од надлежните органи, Управниот одбор на Агенцијата за филм, донесе одлука за прекинување на финансирање на проектите на „Банана филм“, куќа до конечно разрешување на случајот.

Инаку, во ноември 2023 година, Вишиот управен суд постапувајќи по жалбата на АФРСМ од одлуката на Управниот суд, ги отфрли барањата на тужителот „Банана филм“ како неосновани и донесе решение проектите да останат стопирани до конечното затворање на истрагата.

Во тогашното образложение на судот се наведува дека жалбата на АФРСМ за првичната одлука на Управниот суд да го уважи барањето на тужителот „Банана филм“ да се одложи извршувањето по одлуката за времена мерка и замрзнување на проектите на тужителот е основана.

За предметот за финансиското работење на „Банана филм“ кои се донесуваат на потрошени 950.000 евра за кои не е доставен извештај во Агенцијата за филм како и трансакциите на оваа продукција која ги насочувала кон Њујорк, САД се известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција.

Како што објавивме тогаш, во образложението на судот се наведува дека жалбата на АФРСМ за првичната одлука на Управниот суд да го уважи барањето на тужителот „Банана филм“ да се одложи извршувањето по одлуката за времена мерка и замрзнување на проектите на тужителот е основана.

Откако ЦИВИЛ Медиа објави дека сѐ уште не е затворен финансискиот извештај за „Мајки“ (поточно, дека и покрај барањата на Агенцијата за филм да се достави конечен финансиски извештај, сепак, до денес таквиот не е затворен), редакцијата дојде до документи кои покажуваат дека режисерот Манчевски и за парите кои ги добил од тогашниот Филмски фонд за филмот „Сенки“, до денеска Агенција за филм не доставил финансиски извештај за потрошените средства.

Филмскиот Фонд во мај 2009 година склучил договор за финансирање Проекти од национален интерес со „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“ за поддршка, дистрибуција и реклама на играниот филм „Сенки“ со износ од 1.197.667 денари (19.500 евра).

Во член 4 од договорот стои дека корисникот е должен да направи наративен и финансиски извештај, извештај за готовинските парични текови на проектот со спецификација за вкупните трошоци со прилог документација за потрошените средства ( фактури и договори) со рок од 15 дена по завршетокот на дистрибуција и реклама на филмот.

За проектот „Сенки“  како што пишуваше во написот на Цивил медиа а се потпира на документите до кои дошла редакцијата ( линк ) во декември 2007 година филмот доби и 200 илјади долари од Владата за промоција и дистрибуција каде се бореше со 62 филма за да влезе во најтесната селекција за наградата „Оскар“ за филм од странско говорно подрачје.

Додека траат истражните дејствија за „Банана филм“, Милчо Манчевски пак од друга страна во обид да ја попречи истрагата, постојано поднесува кривични пријави за лица од Агенцијата за филм, кои по увидот се отфрлени за натамошно разгледување како неосновани.

А. Василевска

 

 

Милчо Манчевски Основно јавно обвинителство Управа за финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.