НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доналд Трамп 2.0, и ние се разбира …!?

0
By Marija Todorovska on November 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во меѓувреме каматите во светот паѓаат. Светот е полн со пари … Почнува период на поевтинување на кредитите. Дали за неколку месеци ќе зборуваме дека сме можеле да земеме кредит и со 2% од меѓународните финансиски пазари. Па Орбан сигурно не е понаивен од Мицковски!

Љупчо Зиков

Има една анегдота од деведесеттите години врзана со еден голем директор и сопственик на еден македонски комбинат (како што го викаа) кој поседува телевизија со национална концесија … Тој ден после изборите на ВМРО ДПМНЕ во 1998 година влегол во телевизијата, и пиејќи чаша виски на неколку уредници им довикнал – „ алоо пазете како вртите на десно испопадасмо од приколицу„!? Тој наш голем бизнис деец беше далеку пред времето со таа негова изјава, ако се има во предвид фактот дека и Џеф Безос (Амазон) еден од најбогатите луѓе на светот на само неколку дена пред изборите во САД, во својство на сопственик на Вашингтон Пост им порачал на вработените дека „треба да внимаваат како вртат на десно да не испопадат од приколицу„! Така е тоа во слободните и независните медиуми … Секаде низ светот. Едни се на избори, други пишуваат за тоа, а победниците си ја гледаат потоа работата …

И така … Доналд Трамп победи. Честитките (јас во две изјави за телевизии веќе го сторив тоа) се веќе испратени, а кај идниот американски претседател се веќе заведени во нотесот (можеби и мојата). Дел од светот е во шок, а добар дел од светот е во еуфорија.

Во Србија еуфоријата е дигната до ниво на национална егзалтација … што дури се отвори голема дебата дали претседателот Вучиќ се слушнал со Трамп меѓу првите седум, или петнаесет претседатели со кои идниот американски претседател оствари контакти во првите денови. За волја на вистината српскиот претседател, сепак, се слушна со Трамп во првите неколку дена.

Нашите македонски државници секако дека не се слушнаа, а прашање е и дали ќе се видат во следните четири години од неговиот мандат!? Кој знае, можеби и добро е да не се видат, кој тоа да ти знае, ако се има во предвид непријатниот сетап во овалната соба кога Вучиќ беше примен од Трамп во неговиот прв мандат, потпишувајќи го Вашингтонскиот договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина …! Не се удобни тие столчиња во Белата куќа особено кога и состаноците се мерат во минути, а не во часови! Или, како што во една прилика, еден висок американски дипломат во Вашингтон ни рече – американскиот претседател ќе го прими македонскиот претседател само тогаш кога вашиот ќе има што да му каже, и кога ќе може нешто да реши! Ако се разбираме што сакам да кажам …

Доналд Трамп победи заслужено, и како победник адекватно беше истретиран од претседателот во заминување Џо Бајден. Така тоа се прави во САД. Отсекогаш.

Она што мене ми остави поголем впечаток во овие први денови од победата е именувањето на Елон Маск, од страна на Трамп, за реформатор на државната управа на САД (јавната администрација). Нешто како Горан Минчев кај нас … Ова мора да изгледа многу интересно. Мислам дека сега Минчев има добра шанса на ресорско ниво за нови искуства и можност за комуникација со Маск. Добри денови за нашата бирократија! Интересно ќе биде да се види што е тоа што Маск како најбогат човек на светот видел што не чини во американската јавна администрација, а што Минчев и многу пред него не можеја да видат што не чини тука!?!

Но, да се вратиме ние на тоа што можеме да научиме од победата на Трамп на американските претседателски, конгресменски и сенаторски избори! Ако се има во предвид во каква позиција беше администрацијата на Трамп во 2020 година при транзицијата со Џо Бајден, тогаш заклучокот е дека за многу брзо време тимот на Трамп се консолидирал (за три ипол години). За толку време со милион кривични пријави Трамп триумфално се врати во Белата куќа.

Тоа значи дека задачата на ВМРО ДПМНЕ е да анализира како Бајден така брзо падна? Во какви околности владееше Бајден, и кога тоа ќе го разберат веројатно ќе сватат како тие победија на мајските избори во Македонија, и зошто СДСМ падна на ист начин, и со таков дебакл како и Демократите во САД.

Задачата, пак, на СДСМ е да анализира што е тоа што го направи Трамп во меѓувреме и како „формула 1„ така брзо повторно влета како победник!? Што тука се случи!?

Значи можело.

Може секако, но заклучоците кај СДСМ најверојатно би оделе кон тоа дека Републиканците во меѓувреме сериозно се преиспитале во платформата и се свртеле кон себе давајќи му време, простор и шанса на губитникот Доналд Трамп од 2020 година да победи. Откако му ја дадоа шансата, направија силен тим, во голем дел со нови луѓе со знаење и посветеност, и со прашања кои треба да го решат животот на обичните Американци, како и на оние кои прв пат гласаат на избори … таа најмлада генерација која не гледа телевизија, а се фасцинира на Тесла, на биткоини, блокчеин и на Маск … Трамп им го понуди тоа што сакаат да го слушаат ним.

На нафташите им понуди добри можности за иднината на нафтата и гасот, на банкарите им понуди банкарство, на инвеститорите повеќе приходи … На средната класа им понуди повеќе работа и приходи во неговиот мандат, а на сиромашните им понуди депортација на нелегалните мигранти кои, според него, сега им ги земаат работните места. И сето тоа со протекционистички мерки. Заштита на американската економија со царини кон Европа и Кина од 10% и 60% соодветно, како и зголемување на разните такси … Така Трамп планира да ја направи Америка повторно голема. Користејки изолационистички мерки, кратење на трошоците на меѓународен план, каде веројатно ќе се обиде да ја тргне Америка од повеќе важни меѓународни иницијативи. Со тоа да создаде повеќе можности за инвестиции на американските граѓани и компании дома во САД. Да видиме како тоа ќе изгледа.  Фукојама ова го нарече крај на ерата на либерализмот (за ова наскоро во нов текст).

Просто нели!!! Мене не ми изгледа толку просто.

МН: Унгарските кредити веќе прават проблем во Маќедонија! И од многу пари глава болело!

Најнапред, знаат ли надлежните дека има македонски топ компании кои се добро рангирани и кои од нашите банки земаат кредит со каматна стапка под 3%. Да сега. Тоа значи дека има многу поповолни кредитни линии за компаниите од оваа. Сте слушнале ли за „персонализирани понуди„. Па македонските банки се полни со пари!

Од друга страна, пред два до три месеци предупредував дека унгарскиот кредит кој во Македонија влегува со 3,25% камата до крајните корисници не може да стигне со 3,25% преку македонските комерцијални банки. Јасно го напишав тогаш во колумна … Еве дојде денот. Банките не сакаат да слушнат да не наплатуваат провизија за администрирањето, што секако би го поскапела кредитот. Проблем е и рокот на овие кредити што Владата сака да биде 15 години со три години грејс (какви желби). Банките не ги прифаќаат овие рокови оти се плашат дека во тој период нормално е многу од овие компании да влезат во проблем на ликвидност, може да се појават нови економски кризи и парите да бидат едноставно „изедени„! А бизнисмените да фатат „тутањ„. Се сеќавате ли како завршија тајванските кредити во 1999 та и 2000 та година! Се вратија ли тие пари назад?

Сега некој наш „смислов„ размислува трошокот на каматите да го превали на Буџетот и тоа да го плаќаат сите маќедонски граѓани. Сомнително!?! Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Оттука, добро е што СДСМ реагираа поради одлуката на Владата граѓаните да ги плаќаат каматите за кредитите кои ќе се пласираат на компаниите. Венко Филипче остро се спротистави на оваа идеја. Економски сосема лоѓично со што би се согласил секој нормален дури и сопственик на компанија која ќе земе кредит!? Овие размислувањата на Владата не се пазарни.

Има неколку клучни прашања околу овие кредити од Унгарија …

Се занимавал ли во меѓувреме некој со прашањето кај кои компании треба да одат овие кредити? Домашни? Странски? Кои и какви се проектите на компаниите што треба да се финансираат? Направена ли е секторска анализа за тоа кој е стратешкиот интерес на државата за тоа кои сектори треба да имаат предност? Се води ли економска политика во овој дел? Како ќе се оценуваат компаниите или тоа ќе го прават самите кредитни одбори на комерцијалните банки? Како ќе се оценуваат проектите? Замислете, на пример, дека најдобри компании во Македонија од домашна провиниенција се и кладилниците и коцкарниците!? И тие ли се на платформата за кредитирање … Има ли критериуми за добивање на кредитите? Кој тоа ќе гледа и анализира? Ќе се кредитираат ли стартапи? Нови поголеми компании?

Каде е се ова напишано?

Треба да се знае дека за да се направат проекти, за да се реализираат и за да се стигне до наплата треба сериозен број на месеци, а ние имаме најмалку шест месеци период во којшто граѓаните ќе плаќаат камати без никаква потреба.

Во меѓувреме каматите во светот паѓаат. Светот е полн со пари … Почнува период на поевтинување на кредитите. Дали за неколку месеци ќе зборуваме дека сме можеле да земеме кредит и со 2% од меѓународните финансиски пазари. Па Орбан сигурно не е понаивен од Мицковски!

Или на крајот ќе завршиме како во една анегдота раскажана од Емир Кустурица. Некој Германец тргнал да го преплива Дунав од изворот до влезот во Црно Море. Кога од Унгарија влегол во Србија почнало да му мириса реката, да му се јавуваат разни соединенија во водата со тешка миризба, па потоа околу себе гледал и мртви риби, и кога дошол до Белград прашал – „шта ми нисте рекли какав је Дунав овде у Београд„ … Овие му рекле: Не брини па ти можеш пливати лежечи„!

Текстот е сопственост на Капитал

ВМРО ДПМНЕ Доналд Трамп капитал кредити САД СДСМ Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.