Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараше со Доналд Трамп на Флорида, соопшти портпаролот на Алијансата за средбата која што се одржала во петокот.
Соговорниците разговарале за глобалните безбедносни прашања со кои се соочува Алијансата.
Ројтерс потсетува дека како премиер на Холандија Марк Руте бил меѓу оние европски политичари со кои Трамп одржувал добри работни односи за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.