Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија дел од платежниот регион СЕПА

0
By Zoran Ivanov on November 24, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 24, 2024 19:15

Од Нова година Македонија ќе биде дел од единствената област за плаќање во евра, позната како СЕПА, најавуваат од Народната банка. 

Македонија очекува заедно со Албанија и Црна Гора, да биде меѓу првите земји од регионот кои од Нова Година ќе приклучат на СЕПА – единствената област за плаќање во евра, која ќе озвоможи побрзи и поевтини трансакции во евра кон европските земји и за граѓаните и за фирмите. Од Народната банка велат викендов на состанкот на вицегуврненри од Западен Балкан кој се одржа во Будимпешта, три централни банки од регионот вклучително и нашата доставиле официјално барање за чланество во СЕПА до Европскиот совет за плаќања, додека останатите земји се во процес на подговотка на барањата.

Вицегувернерката Емилија Нацевска, која беше дел од состанокот, пред околу еден месец во интервју посочи дека бенефит од приклучувањето во СЕПА ќе имаат сите, а на ниво на регионот од Западен Балкан од страна на Светска банка е проценето дека годишно ќе се заштеди околу половина милијарда евра.

Со пристапувањето во СЕПА и елиминирањето на скапите коресподентски банкарски релации за извршување на дознаките се очекува, според студијата на Светска банка, се очекува дека трошоците за дознаките кои тековно изнесуваат околу 6-7% од износот на дознаката да се преполоват и да се сведат на околу 3% од износот на самата дознака, што значи и голема заштеда за домаќинствата.

СЕПА трансакциите имаат пониски надоместоци од традиционалните меѓународни трансакции. А нивната обработка е побрза и трае околу два дена. При исплаќање на пари преку СЕПА се користат едноставни банкарски процедури тоа значи дека наместо секоја земја различно да ги обработува трансакциите, иницијативата дозволува парите да се испраќаат и примаат како да се работи за домашна исплата, односно во иднина нема да има банки посрденици.

Дополнително, со членството во СЕПА, како што посочуваат од Народната банка, според анализите за 2 процентни поена би се намалила и сивата економија во регионот на Западен Балкан. А членството е значаен чекор на земјите и кон финансиска интеграција во Европската унија. Дел од СЕПА се 36 земји со над 7 илјади банки и преку 500 милиони сметки.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.