Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ – Центар за слобода одбележува 25 години одбрана на човековите права, демократијата и еднаквоста

0
By Zoran Ivanov on November 25, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 25, 2024 17:55

Денеска се одбележува значајна пресвртница во историјата на ЦИВИЛ – Центар за слобода: 25 години непоколеблива посветеност на одбраната на човековите права, заштитата на демократијата и спротивставувањето на омразата, лагите и пропагандата.

Помина четвртина век од нашето основање. За тоа време испорачавме над сто успешни проекти, организиравме безброј настани и изградивме медиумска платформа која прерасна во важен јавен простор за политички дијалог и еден од темелите на општествениот дискурс.

Нашето патување е далеку од завршено, и ние со нетрпение ќе се соочиме со уште поголемите предизвици, но и достигнувања што се пред нас.

Ја изразуваме нашата искрена благодарност до сите оние кои ја поддржаа Организацијата и
учествуваа во нејзината мисија.

Длабока одговорност и вистинска чест е да се застане покрај поединци кои несебично ги бранеа и ги бранат вредностите на ЦИВИЛ, честопати изложени на голем личен ризик. Наспроти огромните предизвици и притисоци, луѓето на ЦИВИЛ изградија организација која стои силна, независна и непопустлива, водена од интегритет и длабоко и искрено почитување на човечкото достоинство.

Напорите на ЦИВИЛ допреа илјадници животи низ сите заедници – надминувајќи ги етничките, верските, политичките и социјалните граници. Неуморно се боревме и се бориме за правата и слободите на сите, без исклучоци, без разлики.

Од борба против дискриминација и насилство до застапување на правата, слободите и правдата – во време на мир и во време на војна, ЦИВИЛ останува решителен во својата посветеност на вредностите на слободно, отвореното и демократско општество.

Ние стоиме цврсто. Никогаш нема да се предадеме.

Кон слободата!

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.