Хезболах објави „победа“ над Израел оваа вечер, неколку часа откако стапи на сила примирјето со кое заврши двомесечната отворена војна во Либан меѓу израелската армија и движењето. „Победата на Семоќниот Бог беше сојузник на праведната кауза“, се вели во соопштението на Хезболах.
Во него се додава дека борците на Хезболах „ќе останат целосно подготвени да се соочат со (…) нападите на израелскиот непријател“.
Ова милитантно движење дејствува на територијата на Либан, каде што е и политичка партија. Неколку пати беше во конфликт со Израел.
Кога Израел одговори на нападот од 7-ми октомври 2023 година од страна на палестинското движење Хамас со бомбардирање на палестинскиот Појас Газа, Хезболах започна прекугранични напади врз еврејската држава како поддршка на Хамас.
Она што првично беше прекугранична размена на оган ескалира пред два месеци во вистинска војна во која израелската армија