Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека не ја смета за мудра одлуката за вклучување на трупи на западниот воен пакт во конфликтот на територијата на Украина.
Мислам дека тоа не би била добра одлука, одговори Руте на прашањето на новинар на на Тв „Фокс њуз“ дали НАТО размислува за распоредување трупи доколку трети земји продолжат наводно да ја поддржуваат Русија во конфликтот.
Според Руте, Украина ќе почне мировни преговори дури кога ќе почувствува дека може нешто да добие.
Во овој момент Украинците се во неповолна позиција, истакна генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.