Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жестоки судири во Сирија, војската и Русите извеле 60 воздушни напади врз бунтовниците, 14.000 раселени

0
By Zoran Ivanov on November 29, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 29, 2024 16:58

Жестоките судири и гранатирање продолжија и денеска меѓу бунтовничките борци и сириските владини сили во северозападниот дел на земјата, при што 14.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, соопштија активистите и ОН.

Борбите кои започнаа пред два дена продолжуваат околу областа Идлиб и во западниот дел од регионот на Алепо.

Активистите во Идлиб изјавија за ДПА дека денеска борбите се многу интензивни околу градот Саракиб во источниот дел на провинцијата Идлиб.

Ова е клучен град бидејќи (бунтовниците) доколку го контролираат, тие можат да го контролираат автопатот Алеп-Дамаск, велат активистите.

Сириските државни медиуми и Сириската опсерваторија за човекови права соопштија дека најмалку четворица студенти биле убиени, а двајца се ранети кога бунтовниците гранатирале област во која се сместени студенти во Алепо, што бунтовничките сили го негираа.

Сириската армија, поддржана од руските сојузници, возврати со повеќе од 60 тешки воздушни напади врз позициите на бунтовниците во Идлиб и областа Алепо од средата наутро.

Рами Абдел Рахман, шеф на опсерваторијата, рече дека бројот на загинати од средата достигна 242, вклучувајќи 24 цивили.

Опозициските фракции во средата најавија офанзива наречена Одвраќање на агресијата и тврдат дека тоа е одговор на неодамнешното артилериско гранатирање од страна на владините сили лојални на претседателот Башар ал-Асад врз цивилни цели.

Ситуацијата се влошува и особено го погодува цивилното население, предупреди Дејвид Карден, заменик регионален координатор на ОН за хуманитарна помош во Сирија.

Повеќе од 14.000 луѓе се раселени во изминатите три дена, рече Карден.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.