Вечерва се случил вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун лоцирана во Градски парк.
Според информациите, во 20:30 часот во „Нептун“кај стадионот влегле двајца маскирани лица со пиштоли.
Првата реченица што ја кажале било: Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме.
За кратко на локацијата пристигнала и полиција, а едно лице е фатено, додека другото успеало да избега.
Лицето со кое разговараше ТВ21 кој во тоа време било внатре, кажува дека двајцата маскирани луѓе се заканиле дека сите ќе ги убијат ако некој викне полиција.
Видно вознемирена за ТВ21 кажува дека 20 минути биле заглавени во продавницата.