НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје: Одлуката на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за повеќе пари за приватните превозници е незаконска

0
By Zoran Ivanov on November 29, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело, вели во објава Град Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници.

Град Скопје го обвинува претседателот на Советот, Трајко Славески дека дејствувал спротивно на Законот и Деловникот на Град Скопје, донел заклучок без кворум, не им дозволил на претставниците на градската аднимистрација стручно да се произнесат, а дополнително упатил и закани кон вработените.

Спротивно на член 87 од Деловникот на Советот на Град Скопје, без кворум односно неопходното мнозинство за работа од 23 советници, без соодветно од страна на стручните служби да биде утврден бројот на советници присутни во салата и бројот на гласови, своеволно изјавивте дека заклучок е донесен и притоа повикавте вработените во градската администрација и Градоначалникот да постапуваат иако стручните служби на Град Скопје и сите останати советници во Советот укажуваа на неправилностите во водењето на седницата и немањето кворум за одлучување, велат од Град Скопје во дописот до Славески.

Од тука нагласуваат дека ваквиот Заклучок кој произлегува од Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената на услугата која ја добиваат приватните превозници, гласан без кворум не може да се смета за донесен.

Стручните служби во градската администрација и градоначалникот во ниту еден момент и на никој начин нема да бидат соучесници во вашето грубо прекршување на Статутот, Деловникот и незаконското постапување, наведе Град Скопје, додавајќи дека покачување на цената по километар се врши врз основа на критериуми, а не по нечија желба. Како критериуми, меѓудругото, ги наведуваат трошоците за гориво, бруто плата на возачи, трошоци за резервни делови, регистрација, технички преглед.

Секој поинаков предлог и донесување акт е спротивно на позитивните законски прописи и подзаконски акти, а доколку реалната цена добиена согласно горенаведените критериуми е пониска од онаа која вие сте ја договориле без соодветна анализа и факти, истото ќе предизвика штета на Буџетот на Град Скопје и прибавување противправна имотна корист на други лица, се вели во дописот до Славески.

Според Град Скопје, тој сакал свесно да ги задолжи градоначалникот и секторите да изготват и поднесат незаконски акт кој може да го оштети Буџетот, односно да преземат дејствија со елементи на кривично дело.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.