Жителите на главниот град на Грузија, Тбилиси, протестираат затоа што владата одлучи да ги одложи преговорите за влез во ЕУ.
Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе во саботата, по протестите против владата поради одлуката за ненадејно замрзнување на пристапниот процес во Европската унија, изјави дека земјата нема да дозволи револуција
Партијата Грузиски сон на Кобахиџе во четвртокот објави дека ги прекинува преговорите за пристапување во Европската унија во следните четири години поради „уцена“, нагло менувајќи ја долгогодишната национална цел.
Членството во ЕУ е исклучително популарно во Грузија, а анкетите покажуваат силна јавна поддршка за членството во ЕУ.
Замрзнувањето на преговорите предизвика незадоволство во земјата чиј устав ја предвидува целта за членство во Европската унија. Линк