Новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен денеска официјално ја презема должноста, со што почнува да тече нејзиниот петгодишен мандат.
Комисијата формално беше именувана од страна на Советот на ЕУ во четвртокот со мандат за периодот од 1 декември 2024 до 31 октомври 2029 година, откако ден претходно таа беше одобрена од Европскиот парламент со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“.
Еврокомисијата ја сочинуваат 27 члена – по еден од секоја земја-членка на ЕУ – претседателката, шестмина потпретседатели и 20 еврокомесари
Овој тим е навистина европски. Претставува различни народи и генерации. Имаме поранешни премиери и министри, градоначалници и локални функционери. Некои биле извршни директори, а други работеле за непрофитни организации. Некои биле новинари и сопственици на бизниси. Други се биолози или физичари. Некои се од руралните средини и земјоделскиот сектор, а други од нашите големи градови. Некои преживеаја војни, други транзиција кон демократија. Горда сум што овој тим е толку разновиден на многу начини, изјави Фон дер Лајен. Линк