Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со згрижувачките семејства во борба против насилството-СОС Детско Село во поддршка на најранливите

0
By Marija Todorovska on December 3, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2024 10:24

Во организација на СОС Детско Село, на 2ри декември беше организиран настан “Со згрижувачките семејства во борба против насилството“. Настанот беше модериран од експертката за човекови права Елена Кочоска и е дел од глобалната кампања 16 дена активизам против родово – базирано насилство на која присуствуваа заменик министерот за социјална политика, демографија и млади –  Велковски, претставничката од министерство за локална самоуправа Митровска, претставничката од министерството за правда Кичеец, како и градоначалниците на општините Гази Баба, Аеродром и Петровец.

Заменикот министер Велковски, го нагласи фактот дека насилството врз жените и девојките не е приватна работа и дека е потребно на истото како феномен да се гледа интерсекциски, како и причинско-последичните врски во воспоставување на општествените односи но и градењето на системот на владеење на правото.

Во нашата држава се уште недостасуваат достапни сервиси за поддршка на жртвите и воопшто на лицата со попреченост, но и кадар којшто на пристапен и достапен начин би дале одговор во превенцијата поддршката, рехабилитацијата, но и реинтеграцијата на лицата со и без попреченост кои се жртви од семејно насилство. Она што е многу важно е дека сите заеднички треба максимално да се залагаме  да го зголемиме бројот на специјализираните згрижувачки семејства кои ќе бидат обучени да прифатат дете со попреченост- жртва на насилство.

Претставничката на министерството за локална самоуправа, Митровска ја потенцираше потребата од регионален одговор во обезбедувањето на социјални услуги во постоечките 8 плански региони.

Во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ се организирани активности за идентификување и испорачување на регионални социјални услуги.

Претставничката на министерството за правда, Кичеец се осврна на потребата од проширување на опсегот на бесплатната правна помош и поддршка на згрижувачките семејства, обезбедување на пристапен и достапен кривично правен процес за заедницата со и без попреченост, како и едукација и соработка со обвинителите и адвокатите во поглед на заштитата на девојчињата жртви со и без попреченост.

Националната директорка Јулијана Накова Гапо, ја истакна улогата на СОС Детско Село во поглед на згрижувачките семејства како директни даватели на услуги кои се едуцираат низ специјализирани обуки и ја добиваат потребната стручна помош од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства со цел сеопфатно да одговорат на потребите на децата без родители и родителска грижа.

Во државава постојат 368 згрижувачки семејства, наспроти потребата да постојат 500. Имаме недостаток од специјализирани и интервентни згрижувачи кои ќе одговорат на потребите на децата со попреченост, деца жртви на семејно насилство, трговија со луѓе и деца во ризик. Апелираме државата да ја препознае потребата од уредување на статусот на згрижувачите преку нивна професионализација со што ќе можеме поактивно да работиме на промоција и регрутирање на нови потребни згрижувачки семејства.

Директорката на Приватната установа за вон-семејна заштита Наде Качакова потсети на потребата за интерсекциски пристап во справувањето на насилството врз жените и девојчињата како несразмерно погодени од овој штетен феномен и мултисекторската соработка и одговорност на институциите во давањето на одговор на насилството.

„СОС Детско село“ згрижувачки семејства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

ВЕСТИ July 18, 2026

Родителите на починатите во „Пулс“ порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет…

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

July 18, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.