Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бернска конвенција на својот состанок изрази загриженост за недоволниот напредок во однос на случајот со Маврово

0
By Marija Todorovska on December 10, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 10, 2024 10:59

Постојаниот комитет на Бернската конвенција кој заседава секоја година во декември во Стразбур, Франција, минатата недела повторно го разгледуваше случајот за националниот парк Маврово и изградбата на хидроцентрали на неговата територија. Случајот за Маврово беше отворен во 2014 година и оттогаш Бернската конвенција будно го следи напредокот на Македонија во однос на дадените препораки за разрешување на овој случај.

Една од главните препораки е воведување забрана за изградба на хидроцентрали и итно раскинување на сите доделени концесии за хидроцентрали во заштитените подрачја. Конвенцијата препорача забрзување на постапката за репрогласување на Маврово за национален парк, ревизија и усвојување акциски план за заштита на Балканскиот рис, како и усогласување на националното законодавство со меѓународните стандарди за заштита на природата.

Оваа година е забележан недоволен напредок. Иако концесиите за Жировничка 5 и 6 беа откажани, одлуката за конечно раскинување на нивните договори не е донесена. Концесијата за идроцентралата Рибничка сѐ уште не е раскината. Наспроти препораката, Владата во ноември 2024 година ги продолжи концесиите за неколку нови хидроцентрали, од кои една е во границите на националниот парк Шар Планина.

Напредокот со прогласувањето на Маврово е исто така недоволен. Иако почна подготовката на студија за валоризација на Маврово, сепак не е финализирана и сѐ уште не е почната изработката на планот за управување со паркот. Нема придвижување ни во однос на акцискиот план за заштита на балканскиот рис, критично загрозен вид кој се размножува исклучиво во националниот парк Маврово.

-Бернската конвенција на својот 44.состанок изрази загриженост за недоволниот напредок во однос на случајот со Маврово. Очекуваме дека во најскоро можно време ќе иницираат билатерален состанок со нашата Влада за да ги образложат очекувањата од спроведувањето на препораката 211 од 2021 година, бидејќи очигледно не се сфаќа сериозно, изјави Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко-свест“, подносител на случајот во Бернската конвенција.

Од голема важност за успешно затворање на случајот е донесување на законот за води и нов закон за природа, прогласување на Маврово согласно меѓународните стандарди, донесување на акциски план за Балканскиот рис и обезбедување на државни финансии за заштитените подрачја. Како главна препорака останува забраната за изградба на хидроцентрали во заштитени подрачја која мора итно законски да се воспостави и практично да се спроведе.

Бернска конвенција Маврово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.