Претседателот Доналд Трамп се согласи да го запре воведувањето царини од 25 отсто за Канада и Мексико за 30 дена.
По разговорите со Трамп во последен момент, канадскиот премиер Џастин Трудо се согласи да ја зајакне границата на неговата земја со САД за да се запре миграцијата и протокот на смртоносната дрога фентанил.
Претходно Трамп се договори со мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. Таа се согласи да ја зајакне северната граница со војници. За возврат, САД ќе го ограничат протокот на оружје во Мексико.
Но, американската тарифа од 10% за кинескиот увоз стапи на сила.
Набргу потоа, Пекинг објави дека воведува одмазднички тарифи на американски производи, вклучувајќи 15% за јаглен и течен природен гас и 10% за сурова нафта и земјоделски машини.
Трамп претходно изјави дека планира наскоро да разговара по телефон со својот кинески колега.