НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција забрани планирани породувања со царски рез

0
By Marija Todorovska on April 23, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турција забрани планирани породувања со царски рез, кои не се медицински оправдани, во приватните здравствени установи според новите правила што Министерството за здравство ги објави минатата недела, пишува Turkish Minute.

Оваа одлука, која предизвика остри критики од опозициските политичари и организациите за заштита на човекови права, следеше по жестока национална дебата за практиките на породување. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган веќе долго време го промовира она што го нарекува „природно породување“ и ги критикува високите стапки на царски рез во земјата.

Планирани царски резови не можат да се изведуваат во медицински центри, стои во објавата од 19 април во Службениот весник на Турција.

Турција има највисока стапка на породувања со царски рез меѓу 38-те членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), според последните достапни податоци од 2021 година. Според World Population Review, таа година во Турција биле извршени 584 царски резови на илјада живородени деца.

Оваа тема дополнително привлече внимание минатиот викенд кога играчите на Сиваспор излегоа на терен пред натпреварот од Супер лигата против Фенербахче носејќи транспарент на Министерството за здравство кој промовира вагинално породување. На транспарентот пишуваше: „Природното породување е природно“.

Фото: X
Фото: X

Кампањата предизвика гнев кај опозициските пратеници, здравствените работници и застапниците за правата на жените.

„Како земјата да нема други проблеми, машки фудбалери им кажуваат на жените како да раѓаат“, напиша Гокче Гокчен, потпретседателка на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), на X.

Не се мешајте во женски прашања со вашето незнаење. Рацете подалеку од женските тела, додаде таа.

Во јануари, Ердоган ја прогласи 2025 година за „Година на семејството“ наведувајќи го падот на наталитетот во Турција, кој во 2023 година достигна рекордно ниско ниво од 1.51. Тој често ги повикуваше жените да имаат најмалку три деца.

Ердоган во саботата го бранеше учеството на фудбалскиот клуб во кампањата на Министерството за здравство.

Еден од нашите фудбалски клубови излезе на терен со транспарент во знак на поддршка на кампањата на Министерството за здравство, рече тој и додаде: „На транспарентот немаше навреди, критики ниту непочитување кон никого, ништо што би ги навредило жените. Зошто ви пречи што нашето Министерство поттикнува нормално породување?“

Немаме време за такви глупости во момент кога нè загрижуваат стапките на наталитет и растот на населението, рече Ердоган и додаде дека „падот на бројот на жители во Турција е многу посериозна закана од војна“.

година на семејството Ердоган природно породување Турција царски рез
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.