Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската комисија ќе бара казни за Бугарија, Грција и Полска – не ги почитувале правилата за наплата на патарини

0
By Zoran Ivanov on May 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 8, 2025 18:43

Европската комисија денеска одлучи да покрене тужби против Бугарија, Грција и Полска пред Судот на правдата на Европската Унија поради неусогласеност со правилата на ЕУ за наплата на патарини, барајќи на трите земји да им бидат изречени парични казни.

Комисијата посочува дека на 23 мај 2024 година упатила формални известувања до трите земји за оваа неусогласеност, како и образложени мислења подоцна на 16 декември 2024 година, со кои се бара од нив во рок од два месеци да одговорат на забелешките и да преземат мерки за исполнување на обврските за целосно усогласување со Директивата на ЕУ.

Во своите одговори на дописите, трите земјите членки навеле план за усвојување на мерките за усогласување, но сепак, досега до Комисијата не доставиле никаква информација за нивно спроведување.

Директивата за наплата на надоместоци за тешки товарни возила за користење на одредени инфраструктури ги утврдува правилата за наплата на патарини и вињети во ЕУ. Земјите членки не се обврзани да наплатуваат надоместоци за патишта за покривање трошоците за изградба и одржување на патната инфраструктура, но доколку го сторат тоа мора да ги почитуваат правилата на Директивата.

Дополнително, ЕК реши да поднесе тужба пред Европскиот суд на правдата против Грција и поради правилата за регистрација и оданочување на автомобилите.

Според Комисијата, грчкиот данок за регистрација на одредени категории на половни возила купени во други земји од ЕУ е повисок, отколку за оние набавени во Грција. Покрај тоа, грчкиот еколошки данок се наплаќа само на увезените половни возила, а не и на оние купени во земјата.

Комисијата смета дека грчкото законодавство не е во согласност со член 110 од Договорот за функционирање на ЕУ, бидејќи возила купени во Грција се оданочуваат со пониски даноци од ние набавени во другите земји од ЕУ.

Дополнително, Грција забранува регистрација само на одредени половни возила увезени од други земји од ЕУ, што, според ЕК, претставува јасно ограничување на слободното движење на стоки и е во спротивност на членовите 34 и 36 од Договорот за функционирање на ЕУ.

Во однос на овие забелешки, Комисијата испратила писмо со формално известување до Грција во септември 2021 година, како и дополнително писмо во јуни 2023 година и образложено мислење во мај 2024 година, барајќи од грчките власти да ги усогласат своите правила со законодавството на Унијата.

Комисијата смета дека напорите на грчките властите не биле доволни и затоа ја упатува Грција пред Судот на правдата на Европската Унија.

 

 

 

Бугарија Грција ЕК казни патарини Романија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.