НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог за капитулација? Што пишува во рускиот меморандум „за регулирање на украинската криза“

0
By Zoran Ivanov on June 2, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија предлага, откако ќе почне да се работи на договор, да се објави две до тридневно примирје, телата на загинатите да се довезат до „сивата зона“, и предлага да предаде 6.000 тела на украински војници. Кога Украина ќе го потпише Меморандумот со конкретни датуми за исполнување на сите точки и ќе почне да ја повлекува својата војска, Украина може, според рускиот предлог, да смета на 30 дена прекин на огнот, за кое време мора целосно да ги повлече своите војници на растојанија од границите на Русија кои ќе бидат договорени.

Руската агенција Тасс го објави текстот на рускиот меморандум за „регулирање на украинската криза“, кој изгледа како предлог за капитулација на Украина.

Се бара меѓународно-правно признавање на Крим, ЛНР, ДНР, Запорошката и Херсонската област како делови од Руската Федерација и целосно повлекување на украинската војска и другите воени формации на Украина од тие територии.

Се бара целосна воена неутралност на Украина, како и забрана на воени активности на други држави на територијата на Украина, вклучувајќи забрана за странски воени бази и инфраструктура. Оваа неутралност и забрана за присуство на војски на трети земји мора, според руското барање, да се одржи и во иднина и подразбира и забрана за склучување какви било меѓународни договори кои би го прекршиле тоа.

Тоа значи дека не се можни ниту странски набљудувачи ниту мировници.

Понатаму се бара Украина никогаш да не развие ниту нуклеарно оружје ниту какво било друго оружје за масовно уништување, ниту да дозволува негов транзит преку својата територија.

Предлогот подразбира и ограничување на бројноста и типот на вооружување на самата украинска војска.

Во предлогот за примирје се бара и прогласување на рускиот јазик за официјален јазик во Украина, заедно со обезбедување на правата, слободите и интересите на руското население и населението што зборува руски.

Понатаму се бара забрана на „хероизација и пропаганда на нацизмот и неонацизмот“ и распуштање на сите такви организации.

Русија исто така бара Украина да ги укине сите санкции што ги вовела кон Русија и да не воведува нови. Украина би морала и да се откаже од барањата за репарација, да ги укине ограничувањата кои се однесуваат на Руската православна црква во Украина и постепено да воспостави дипломатски и економски односи, вклучувајќи и транзит на гас преку својата територија.

Во предлогот Русија не наведува ништо на што би се обврзала.

Во понатамошниот текст на предлогот се наведени две варијанти како услов за прекин на огнот. Според првата, Украина, за да добие прекин на огнот, мора да почне да ја повлекува својата војска од територијата која Русија си ја впиша во Уставот: ДНР, ЛНР, Запорошка и Херсонска област.

Втората варијанта е посложена и се состои од десет точки.

Според таа варијанта, Украина би престанала да ја поместува својата војска, освен во правец на повлекување, да прекине мобилизација и да почне демобилизација, во Украина да престане да пристигнува оружје од странство, сите странци и воени советници да се повлечат од Украина.

Украина би морала да гарантира и дека ќе престане со диверзантски операции на територијата на Руската Федерација. Русија предлага да се формира билатерален центар за мониторинг и контрола на прекинот на огнот, „политичките затвореници“ да се ослободат и во Русија и во Украина. Во рамките на таа варијанта, Русија бара Украина да ја укине воената состојба и по најмногу 100 дена од укинувањето на вонредната состојба да спроведе претседателски и парламентарни избори. И на крајот да потпише Согласност за исполнување на сите услови кои се наведени како главни услови за примирје.

На крајот, Русија предлага, откако ќе почне да се работи на договор, да се објави две до тридневно примирје, телата на загинатите да се довезат до „сивата зона“, и предлага да предаде 6.000 тела на украински војници. Кога Украина ќе го потпише Меморандумот со конкретни датуми за исполнување на сите точки и ќе почне да ја повлекува својата војска, Украина може, според рускиот предлог, да смета на 30 дена прекин на огнот, за кое време мора целосно да ги повлече своите војници на растојанија од границите на Русија кои ќе бидат договорени.

Ова практично значи дека Украина би морала да ја повлече војската подалеку од административните граници на областите кои сега Русија ги смета за своја територија.

Според Русија, договорот за конечно регулирање би бил потпишан по сето тоа и откако ќе се одржат избори во Украина. Русија сака договорот потоа да биде одобрен од Советот за безбедност на Обединетите нации со обврзувачка резолуција.

 

преговори предлог Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.