Пјонгјанг: Москва пеку новински агенции објави дека Северна Кореја ќе испрати илјадници севернокорејски воени инженери и работници за да помогнат во обновата на рускиот Курски регион, кој беше делумно окупиран од украинските сили од август 2024 до пролетта 2025 година.
Пет илјади луѓе, како дел од работничката дивизија, ќе ја преземат обновата на Курскиот регион, изјавил секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу по разговорот што го имал во Пјонгјанг со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Северна Кореја ќе испрати и илјада миноловци во Русија за чистење на мини во Курската област, изјави Шојгу за новинарите во Пјонгјанг.