Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Политико“: Како одговор на царините на Трамп, ЕУ би можела да се сврти кон земјите од Пацификот

0
By Marija Todorovska on June 30, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 30, 2025 12:47

Европа се повеќе е заситена од трговските закани на американскиот претседател Доналд Трамп и разгледува смел потег да се сврти кон Азиско-пацифичкиот регион во потрага по партнери кои сакаат да играат според воспоставените правила на меѓународната трговија, наведува бриселскиот портал „Политико“.

Како одговор на едностраните и произволни царини на Трамп, кои би можеле да се зголемат до 50 проценти од 9 јули доколку преговарачите на ЕУ и САД не постигнат трговски договор, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, според порталот, планира да се здружи со земјите од Сеопфатниот и прогресивен договор за Транспацифичко партнерство (ЦПТПП), кој, меѓу другите, ги опфаќа и Австралија, Јапонија, Канада и Мексико, а од декември минатата година и Велика Британија.

 Заедно, 39-те земји од ЕУ и ЦПТПП сочинуваат 30 проценти од вкупната светска трговија. Формирањето коалиција на овие земји, тврдат нејзините поддржувачи, би можело да означи прв чекор кон преконфигурирање на меѓународниот трговски поредок и избегнување на институционалната парализа што ја зафаќа Светската трговска организација, наведува „Политико“.

Според извори во Европска комисија, за ваквата идеја Фон дер Лајен говорела и пред лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел во четвртокот, при што посочила дека таквото здружување „би ги редизајнирало правилата на глобалната трговија, реформирајќи го или можеби дури и заменувајќи го телото за правила во глобалната трговија“.

Фон дер Лајен смета дека здружувањето на ЕУ и земјите од Транспацифичкото партнерство би покажало дека е можна слободна трговија заснована на правила меѓу повеќе држави.

Експерти сметаат дека оваа идеја не е невозможна, но дека земјите ќе треба да „дадат ветување“ дека ќе ги почитување на воспоставените правила на мултилатералната трговија и да ги одржуваат своите пазари отворени едни за други.

Според нив, ваквото здружување би испратило сигнал до Вашингтон дека многу значаен дел од глобалната економија, вклучувајќи ги речиси сите традиционално најблиски партнери на САД, остануваат посветени на трговскиот систем базиран на правила.

Инаку, САД беа меѓу потписниците на првичната верзија на Транспацифичкото партнерство во 2016 година, но се повлекоа од договорот за време на првиот мандат на Трамп во 2017 година.

Поранешениот главен трговски преговарач на ЕУ, Игнасио Гарсија Берсеро смета дека сепак ова потенцијалното партнерство меѓу ЕУ и ЦПТПП не треба „да им ја затвори вратата“ на Американците, ниту пак да се користи за да се антагонизира Трамп.

Сепак, ако САД не се подготвени да се приклучат затоа што не веруваат дека решение за  проблемите се правилата, другите ќе мора да продолжат без САД, изјави Гарсија Берсеро за „Политико“.

Потписници на сегашната верзија на Сеопфатниот и прогресивен договор за Транспацифичко партнерство од јануари 2018 година се Австралија, Брунеи, Велика Британија, Виетнам, Јапонија, Канада, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Чиле. ЦПТПП стапи во сила на 30 декември 2018 година.

POLITICO ЕУ Трамп царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.