Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Грција, Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис по денешната средба во Атина порачаа дека двете земји имаат силна соработка во повеќе области и изразија подготвеност таа дополнително да се продлабочи.
На средбата е заклучено дека почитувањето на меѓународното јавно право останува императив за двете страни, а билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, како и досега, ќе се засноваат на меѓусебно разбирање како соседи и сојузници во НАТО. Во тој контекст, известуваат грчките медиуми, домашниот министер за надворешни работи укажал дека Преспанскот договор треба целосно да се почитува вклучително со се придавката „Северна“ при употреба на името на северниот сосед на Грција.
Муцунски ја оцени средбата како одлична и конструктивна. Тој изразил благодарност за солидарноста што Грција ја покажа за време на трагедијата во Кочани и неодамнешните итни состојби во близина на Дојран, каде грчки противпожарни екипи и хеликоптери помогнаа во гаснењето на пожарите.