НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

0
By Zoran Ivanov on August 13, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европските лидери изразија задоволство од денешните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп пред неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека во голема мера ги споделуваат целите за состанокот в петок – кои започнуваат со постигнување прекин на огнот во Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон го пренесоа заедничкиот европски став дека одлуките за Украина не можат да се донесат без Украина, нагласувајќи дека таа мора да биде вклучено во секоја конечна одлука. Тие, исто така, ја поддржаа идејата за можен иден трилатерален самит со Трамп и Путин.

Макрон изјави дека Трамп ќе побара прекин на огнот од Кремљ за време на неговата средба со Путин.

„Американската волја е да се добие прекин на огнот на крајот од оваа средба“, рече Макрон, додавајќи: „Сè што се однесува на Украина мора да се дискутира со Украина“. Тој нагласи дека е за тоа претседателот Володомир Зеленски целосно да биде вклучен во преговорите меѓу Русија и САД.

Макрон истакна дека разговорот со Трамп овозможил американскиот претседател да ги изнесе своите намери за средбата на 15 август, а европските лидери да ги објаснат своите очекувања. – Добро е што Русија и САД разговараат, рече тој, „но важно е Европа да биде слушната кога станува збор за прашања што го засегаат континентот, како што е војната во Украина“.

По разговорите, германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека е „многу среќен“ што претседателот Зеленски можел да го посети Берлин и заедно да ја одржат видео-средбата со европските лидери и Трамп. Тој потсети дека на денешен датум, 13 август, пред 64 години започнала изградбата на Берлинскиот ѕид – „симбол на поделбата на Европа“, додавајќи дека „руската инвазија на Украина повторно ја отвори таа поделба“.

Мерц нагласи дека Европа прави сè за да ја постави агендата за претстојниот состанок меѓу Трамп и Путин во Алјаска и изрази надеж за успех на самитот. – Во Алјаска, безбедносните интереси на Европа и Украина мора да бидат заштитени, изјави тој.

Канцеларот додаде дека САД знаат дека можат да се потпрат на своите европски партнери за постигнување мир, и дека „правилната хронологија“ е прво прекин на огнот, а потоа долгорочен мировен договор. – Правно признавање на руската сопственост врз украинска територија не може да се случи, рече Мерц, нагласувајќи дека мора да постојат силни безбедносни гаранции со почитување на украинскиот суверенитет.

Мерц предупреди дека, доколку нема поместување од страна на Русија кон мир, Европа и САД ќе мора да извршат поголем „притисок“ врз Путин. – Трамп го знае ова и се согласува, рече тој.

Зеленски, пак, му се заблагодари на Мерц и на Германија за воената поддршка, како и на сите партнери – меѓу кои Урсула фон дер Лајен, Марк Руте, Џорџа Мелони и Емануел Макрон – нагласувајќи: „Сите лидери од целиот свет сакаат едно – мир во Украина“.

– Сè што се однесува на Украина мора да се дискутира со Украина – мора да бидеме дел од разговорот, рече Зеленски и додаде дека „Трамп нè поддржа денес и САД се подготвени да нè поддржат“.

Тој повика на нови санкции кон Русија ако Кремљ не се согласи на прекин на огнот. – Путин блeфира, се обидува да притиска по целата фронтовска линија. Русија се преправа дека може да ја окупира цела Украина – тоа не е вистина. Путин не сака мир – сака да ја окупира нашата земја, посочу украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека санкциите се ефикасни и и наштетуваат на руската воена економија. За средбата во Алјаска, рече: „Се надеваме дека централната тема ќе биде прекин на огнот. Американскиот претседател го кажа тоа неколку пати“.

Тој соопшти дека Трамп му предложил да стапат во контакт по средбата со Путин за да ги разгледаат резултатите и да ги дефинираат идните чекори.

Самитот меѓу Трамп и неговиот руски колега  ќе се одржи во заедничката база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска, соопшти денеска официјален претставник на Белата куќа.

видео ЕУ лидери Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.