Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најстариот син на Трамп се закани: САД нема да бидат будалата со чековна книшка и ќе се повлечат од Украина

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
epa12397008 Donald Trump Jr., son of US President Donald Trump, speaks during the public memorial service of political activist Charlie Kirk at State Farm Stadium in Glendale, Arizona, USA, 21 September 2025. Kirk was shot and killed on 10 September during a stop on his American Comeback Tour organized by Turning Point USA at Utah Valley University. EPA/CAROLINE BREHMAN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 9, 2025 09:01

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да се повлече од решавањето на војната во Украина, изјави неговиот најстар син Доналд Трамп помладиот на конференција на Блискиот Исток каде што, меѓу другото, рече дека украинските власти испраќаат „сиромашни селани“ на фронтот, додека сите богати одамна избегале од земјата.

Ова лето бев со мојата девојка Бетина во Монако и се возевме наоколу. Во еден просечен ден околу 50 проценти од суперавтомобилите „Бугати“, „Ферари“ и други имаа украински регистарски таблички, рече Трамп помладиот, пренесоа повеќе американскимедиуми.

Во продолжението на говорот, кој е фокусиран против целта за продолжување на борбите во Украина тој  рече дека украинските „корумпирани“ богати луѓе избегале од својата земја, оставајќи „она што го сметале за сиромашни селани“ да се борат во војната.

Трамп помладиот нема формална улога во администрацијата на својот татко, но е клучна фигура во движењето MAGA, а неговото појавување ја одразува антипатијата на некои членови на тимот на Трамп кон украинската влада и доаѓа во време кога преговарачкиот тим на Трамп врши притисок врз Кијив да отстапи територија.

На крајот од говорот, тој додаде дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја продолжува војната бидејќи знае дека никогаш нема да победи на изборите ако војната заврши. Тој рече дека Зеленски е речиси божество за левицата, но тврдеше дека Украина е многу покорумпирана од Русија.

Тој, исто така, ја критикуваше шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, велејќи дека европските санкции не функционираат затоа што само ја зголемија цената на нафтата, која Русија може да ја користи за финансирање на војната. Тој го опиша европскиот план како „чекање Русија да банкротира“ и дека за време на кампањата за изборите во 2022 година, сретнал само три лица кои ја сметале војната во Украина за меѓу десетте најважни прашања. Ризикот од венецуелски бродови што носат фентанил во САД, според неговите зборови, „е многу поголема и понепосредна опасност од сè што се случува во Украина или Русија“.

Кога го прашаа дали е можно неговиот татко кој водеше кампања дека може да донесе мир во Украина едноставно да се откаже, Трамп помладиот рече „можеби“, објаснувајќи дека неговиот татко е еден од најнепредвидливите луѓе во политиката. Тој вети дека САД повеќе нема да бидат „будала со чековна книшка“.

 

помладииот Русија САД Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.