Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција ја повика Украина да се согласи на територијални отстапки кон Русија

0
By Zoran Ivanov on December 12, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 12, 2025 16:12

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Украина ќе мора да донесе тешки одлуки, вклучително и можни територијални загуби, со цел да ги прекине борбите и да спречи понатамошни загуби, објави Си-eн-eн Турк.

„Вистина е дека некои избори и одлуки се многу тешки за Украина. Но, тие се неопходни за да се спречат уште посериозни загуби, рече Фидан.

Тој нагласи дека Кијив ќе мора да донесе тешки избори, особено кога станува збор за територијални прашања и додаде дека Европа има одговорност да ѝ помогне на Украина да донесе такви одлуки.

Фидан нагласи дека прашањето за безбедносните гаранции за Украина е еден од најсложените аспекти на можното мировно решение. Според него, Турција продолжува да го поддржува мировниот процес меѓу страните во конфликтот и е подготвена да биде домаќин на преговори доколку е потребно.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не ја исклучува можноста за референдум за контрола на Донбас, нагласувајќи дека судбината на регионот треба да ја одлучи народот на Украина. Според него, САД ја разгледуваат идејата за создавање демилитаризирана „слободна економска зона“, но сè уште не е јасно кој би управувал со територијата.

Британскиот весник „Телеграф“ вчера објави дека Кијив би можел да се откаже од Донбас во замена за „заемни отстапки“ од Русија, истакнувајќи дека дипломатските кругови сè повеќе разгледуваат различни компромисни сценарија за завршување на конфликтот.

 

 

отстапки Турција Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.