Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иранската ракете не била наменета за Турција туку за грчкиот дел на Кипар – веродостојноста на веста се утврдува

0
By Zoran Ivanov on March 4, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 4, 2026 21:28

Турција тврди дека не била цел на иранската ракета соборена од системите на НАТО над источниот Медитеран, наведувајќи дека ракетата веројатно била насочена кон грчкиот дел од Кипар.

Турски функционер денес изјави дека Турција „не била цел“ на ракетата лансирана од Иран, која беше соборена од системите за воздушна одбрана на НАТО додека се движеше кон турскиот воздушен простор.

Веруваме дека Иран целел база во грчки Кипар, но таа отстапила од својот курс, изјавил турски дипломатски функционер, според „Катимерини“.

Турското Министерство за одбрана претходно соопшти дека ракетата прелетала над Ирак и Сирија пред да биде соборена од воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО стационирани во источниот Медитеран.

Немаше непосреден коментар од САД, кои имаат воздухопловни сили во воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција, која граничи со покраината Хатај, каде што турските власти велат дека паднале остатоците од пресретнатата ракета на НАТО.

Ги предупредуваме сите страни да се воздржат од дејствија што дополнително би го ескалирале конфликтот во регионот. Во овој контекст, ќе продолжиме со консултациите со НАТО и нашите други сојузници, соопшти турското Министерство за одбрана.

Како што беше објавено, немаше жртви или повредени во соборувањето на иранската ракета.

Сите потребни чекори за одбрана на нашата територија и воздушен простор ќе бидат преземени решително и без двоумење. Ги потсетуваме сите страни дека го задржуваме правото да одговориме на какви било непријателски дејствија против нашата земја“, се додава во соопштението.

Турција го повика иранскиот амбасадор во земјата на состанок, со цел да изрази протест поради испуканата балистичка ракета во турскиот воздушен простор. Според дипломатски извори, амбасадорот на Иран денес бил повикан во турското Министерство за надворешни работи во Анкара за да турската влада официјално го изрази својот протест.

 

 

Иран Кипар ракета Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.