Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична за Љутков – министерот незаконски пресметувал плати

0
By Zoran Ivanov on March 9, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2026 13:37

Синдикатот на култура информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство ќе ја објави кривичната пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Пријавата, како што велат, ќе биде поради основано сомневање дека сторил кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Повреда на правата од работен однос“ според Кривичниот законик.

Според наводите во пријавата, министерот Зоран Љутков во текот на 2025 година свесно и спротивно на закон носел упатства и давал насоки за пресметка на платите на вработените во културата, со што незаконски воспоставил нова методологија за пресметка на плати. Со ваквите постапки, министерот директно ги дерогирал Општиот колективен договор за јавниот сектор и колективните права на вработените, и свесно ги ограничил нивните законски права од работен однос, соопштуваат од Синдикатот за култура.

Со ваквото постапување, според Синдикатот, министерот извршил сериозен упад во системот на работнички права и владеењето на правото, ставајќи се над законите и колективните договори.

На прес-конференцијата ќе бидат објавени и кривични пријави против директори на институции од културата, кои спроведувајќи ги незаконските насоки дадени од министерот, постои основано сомневање дека сториле кривично дело ‘Повреда на правата од работен однос’ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик, стои во соопштеието.

Од Синдикатот дополнуваат дека јавноста ќе биде информирана и за нови судски пресуди донесени во корист на вработените во културата, кои, како што велат, дополнително ја потврдуваат незаконитоста на постапките со кои се кратат правата и платите на културните работници.

Синдикатот на културата јасно порачува дека никој не е над законите и дека секоја злоупотреба на функцијата со која се повредуваат правата на работниците ќе биде институционално и јавно оспорена, се вели во соопштението на Синдикатот.

Извор: Слободен печат.мк

кривична култура Љутков Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.