Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Њујорк Тајмс: Трамп ја крие вистината за војната против Иран

0
By Zoran Ivanov on March 27, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 27, 2026 13:57

Уредничкиот совет на Њујорк тајмс објави текст во која остро ја критикува американската војна против Иран и пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Од првото објавување на нападот врз Иран на 28-ми февруари, претседателот Доналд Трамп изнесе низа лаги за војната. Тој тврди дека Иран сака да преговара, иако нема докази за тоа. Тој изјави дека Соединетите Американски Држави „уништиле 100 отсто од воените капацитети на Иран“, иако Техеран продолжува да нанесува штета во регионот. Тој исто така кажа дека војната е при крај, додека во исто време испраќа дополнителни сили од целиот свет.

Лажењето, истакнуваат уредниците, ја карактеризира политичката кариера на Трамп уште од нејзините почетоци, вклучително и тврдењата за родното место на Барак Обама. Со текот на годините, тој изнесувал неточни информации за неговиот бизнис, богатството, големината на инаугурацијата и резултатите на изборите во 2020 година. Според анализа на Си-ен-ен, во еден период од неговиот прв мандат тој давал просечно осум неточни тврдења дневно.

Но, лажењето во војна има особено сериозни последици. Кога претседателот испраќа порака дека вистината не е важна, тој ги охрабрува министрите и воените команданти на измамување на јавноста и меѓусебно. Со тоа се создава средина каде што се поверојатни фатални грешки и воени злосторства, а сојузниците се повнимателни. Долгорочно, таквото однесување ги поткопува американските вредности и интереси.

Уредниците признаваат дека постои легитимна дебата за оправданоста на војната. Иранскиот режим претставува закана за сопствениот народ, регионот и глобалната стабилност. Претседателот би можел да изнесе аргументи засновани на фактите за спротивставување на тој режим, особено за да се спречи развојот на нуклеарно оружје. Сепак, авторите нагласуваат дека се скептични кон таквиот пристап.

Наместо тоа, тврдат тие, Трамп кажува лаги за причините за војната и нејзиниот тек со цел да го прикрие лошото планирање и спорните основи на конфликтот.

Веќе во првите минути од неговото обраќање на 28 февруари тој изнесе контрадикторни тврдења: повтори дека американските напади од претходниот јуни ја „уништиле“ нуклеарната програма на Иран, а во исто време ја наведе како причина за војната. Тоа тврдење не е точно, Иран сè уште поседува значителни количини на високо збогатен ураниум.

Лажните изјави продолжија и подоцна. Трамп тврдеше дека САД имаат „скоро неограничени залихи“ софистицирано оружје, иако Пентагон мораше да пренасочи оружје од Јужна Кореја за да ги одржи операциите на Блискиот Исток. Тој исто така кажа дека „никој“ не очекувал ирански напади врз соседните земји, иако некои експерти предупредуваа токму на тоа.

Во еден случај тој ги обвини медиумите за соработка со Иран во ширењето лажни снимки, иако Белата куќа не понуди докази. И покрај ова, тој побара гонење на медиумите за „предавство“.

Особено шокантна беше изјавата од 7 март, кога тој тврдеше дека нападот врз основното училиште во Минаб, во кој загинаа најмалку 175 лица, главно девојчиња, бил извршен од Иран.

Американската војска прелиминарно утврди дека станува збор за грешка на американска ракета. Иако армијата покажува транспарентност, претседателот не ја повлече својата изјава.

Уредниците предупредуваат дека овој модел потсетува на војните во Виетнам и Ирак, каде што малите невистини прераснаа во големи измами. Последиците беа долготрајни: американската доверба во владата никогаш не се обнови целосно по Виетнам, додека војната во Ирак, водена под изговор на непостоечко оружје за масовно уништување, ја одбележа модерната политичка ера.

Невистините го отежнуваат и победувањето бидејќи ги оддалечуваат носителите на одлуки од реалноста. Пред почетокот на конфликтот Трамп ги игнорираше предупредувањата од воените советници дека Иран би можел да го затвори Ормускиот теснец, што сега има последици за глобалната економија.

На крајот на краиштата, заклучуваат уредниците, почнувањето војна е најтешката одлука која може да ја донесе еден политички лидер. Одзема животи и го менува текот на историјата. Ваквите одлуки мора да се засноваат на вистината, а американските војници и нивните семејства заслужуваат да знаат зошто се бара од нив да се борат.

Краткорочната корист што Трамп може да ја види во кажувањето лаги не може да ја надмине долгорочната штета, за себе лично, за Соединетите Држави и за светот.

 

Иран Њујорк Тајмс Совет Трамп уреднички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.