Државата денеска зема нови 10 милиони евра од банките и други домашни клиенти, пренесува Телма.
На четирите закажани аукции на државни записи и обврзници, се бараа околу 12 милиони евра но беа продадени хартии од вредност на три од нив.
Според надлежното Министерство, клиентите и банките биле заинтересирани само за едно годишните записи и за 10 годишните обврзници.
За 12 месечните записи, банките понудиле 8,8 милиони евра а останати клиенти за двете аукции на 10 годишни обврзници, понудиле вкупно 1,25 милиони евра.
Вчера државата врати 4,8 милиони евра стари долгови а утре треба да се вратат уште 7,15 милиони евра.
Следната аукција на државни хартии од вредност е закажана за 12 април.