Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Мигрантите биле заведени од активисти на невладини организации

0
By Нова ТВ on April 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2016 12:05

Организираните масовни и координирани обиди за илегален премин на границата, што се случија вчера, според многу аспекти, вклучувајќи ја и вмешаноста на активисти на невладини организации, имаат карактеристики и наликуваат на сличниот инцидент за масовно илегално преминување на границата од 14 март годинава во кој беа инволвирани 2.500 мигранти.

Ова се наведува во соопштението од македонското Министерство за надворешни работи во врска со вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница кај Идомени во кој беа повредени 23 припадници на македонските безбедносни сили кои спречија над 3.000 мигратни насилно да влезат од Грција на македонска територија.

– Различни извештаи говорат дека во обидот да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство мигрантите биле поттикнати, заведени и организирани од активисти на невладини организации. Било регистрирано и дистрибуирање на летоци кои содржеле лажни информации дека штом мигрантите успеат да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство тие ќе можат непречено да го продолжат својот пат до земјите членки на ЕУ, се посочува во соопштението.

Според МНР, македонските безбедносни сили, заедно со полициски службеници од неколку земји членки на ЕУ кои се распоредени на јужната граница, согласно Програмата за соработка на ЕУ и Македонија за поддршка на менаџирањето на границата заради справување со мигрантската криза, одговорија брзо и согласно ситуацијата и спречија нелегален влез. Притоа наведуваат дека не е повреден ниту еден од мигрантите кои учествуваа во насилните протести.

– Употребен е солзавец со цел да се растури насилната група. Не се употребени никакви други средства на контрола, ниту физичка сила против групата. Дваесет и тројца припадници на македонските сили се повредени за време на инцидентот. Воедно, ниту еден од извршителите не е повреден на македонска територија. Утврдени се неколку оштетувања на граничната ограда, се посочува во соопштението.

Се посочува дека македонските власти побарале вклучување на грчките полициски сили во услови кога постојано се случуваат насилни напади од грчката територија.

– Постојано се упатуваат барања за соработка и размена на информации со цел превентивно да се делува во однос на насилните протести на мигрантите и обидите за илегален премин од Грција на македонска територија. Воспоставувањето ред и мир во пограничната зона, како и во и околу центрите за прифаќање мигранти е од суштествено значење за превенирање вакви инциденти во иднина, се нагласува во соопштението од македонското МНР.

Инаку, ситуацијата на граничниот камен 59, се посочува, е вратена во нормала во 18 часот и 30 минути и во моментов е мирно.

Обидот за илегален влез се случи вчера околу 10:50 часот на граничната линија помеѓу Македонија и Грција кај граничниот камен 59. Во инцидентот се проценува дека учествувале над 3.000 мигранти организирани во помали и поголеми групи во обид насилно да влезат на територија на Македонија од Грција кај нелегалниот граничен премин кај каменот 59. Сличен инцидент за масовно илегално преминување на границата се случи на грчко-македонската граница на 14 март годинава кај селото Моин во кој беа инволвирани 2.500 мигранти.

граница Грција Мигранти МНР судири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.