Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов за Мега: Атина да праќа информации, а не демарши

0
By Нова ТВ on April 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 12, 2016 10:15

–  Грчкото Министерство за надворешни работи наместо да праќа демарши требаше да не извести за сето она што се случува со денови во кампот Идомени, од страна на таканаречени волонтери – лица кои го организираа сево ова и делеа летоци на арапски јазик и вршеа подготовка за насилно влегување на наша територија, рече претседателот Ѓорге Иванов во интервју за грчката телевизија Мега, коментирајќи ги вчерашните реакции на грчките власти на инцидентот на македoнско- грчката граница во неделата.

Тој побара од ЕУ да и помогне на Грција да го испразни кампот во Идомени.

– Македонските институции го преземаа сето она што требаше да биде преземено од грчките институции за да се спречи обид за масовно влегување на мигранти на наша територија. Така што ја повикувам ЕУ да и помогне на Грција да го испразни кампот во Идомени од каде доаѓаат  во последно време сите илегални обиди за поминување на наша територија  и долж коридорот кој е затворен со одлука на Брисел. Се дури постои таа одлука, ние ќе ја почитуваме и нема да дозволиме илегален премин на наша територија. Не доликува на земја – членка на ЕУ и НАТО, земја која учествувала во носењето на оваа одлука за затворање на коридорот, да не ја почитува таа одлука и да дозволува да се загрозува територијата на нејзина соседна држава со илегално минување на мигранти, рече Иванов.

Посочи дека од грчката страна немало никаква информација за случувањата во Идомени и можноста за инцидент.

– Воопшто не постоеше никаква координација нити пак информирање за сето она што се случуваше во кампот Идомени. Доколку ги имавме ние информациите можеше да се превенира и да се превземат активности да не дојде до овој инцидент. Слична е состојбата и со другите институции кои не ги разменуваат информациите кои се неопходни за да се спроведе одлуката која е донесена во Брисел  на Европскиот совет, за затворање на Балканскиот коридор, рече претседателот Иванов.

Иванов смета дека бегалската криза била можност односите меѓу Македонија и Грција да бидат на многу повисоко ниво, бидејќи тоа е заеднички предизвик за двете држави.

– Но, таа можност од грчка страна беше испуштена, иако се уште постои време. Таканаречените мерки за градење доверба се градат на конкретни активности и настани, а не само на бирократски мерки и активности кои се најавуваат, вели претседателот Иванов за Мега ТВ.

Грција Иванов инциднети Мега Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.