Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протестите се шират во повеќе градови низ Македонија

0
By Нова ТВ on April 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2016 22:14

Протести против одлуката за аболиција на Иванов вечерва имаше низ повеќе градови во Македонија. Покрај масовниот протест во Скопје, демонстрации имаше и во Куманово, Струмица, Штип , Велес и Битола.

Протестот во Куманово се одржа пред Основен суд, а на истото место протест ќе има и утревечер. Присутни беа членови на опозициските партии, претставници на невладини организации и  граѓани кои се незадоволни од власта. Пред нив се обрати доктор Мице Дудучки од иницијативата „Протестирам“, кој кажа дека Куманово е мултинационална и мултиконфесионална средина и дека на протестот спонтано се собрани граѓаните, а не се по директива или со автобуси носени.

Повлекување на одлуката на претседателот Ѓорги Иванов за аболиција и одложување на предвремените парламентарни избори, побараа вечерва граѓаните во Штип на мирен протест од граѓанската иницијатива „Протестирам“, заедно со НВО „Ајде“. Демонстрантите, кои побараа и оставка од претсдателот Иванов, со транспаренти поминаа низ главната трговска улица „Ванчо Прќе“, а протестот го завршија пред зградата на Општина Штип.

Протестот пак во Битола започна пред зградата на Офицерскиот дом, од каде што демонстрантите се упатиле кон домот на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски од кого бараат веднаш да поднесе оставка откако беше осомничен за криминал од Специјалното јавно обвинителство во случајот „Транспортер“.

Во Велес од кружниот тек на „Авона“ стартуваа мирните протести на граѓанска иницијатива „Протестирам“. Граѓаните кои им се приклучија на невладината „Прoтестирам“ се движеа кон Трговскиот центар до пред зградата на Општина Велес и понатаму по главната улица се’ до Плоштадот С’рмаале.

Со мирен протестен марш, струмичани побараа оставка на актуелната Влада, а реагираа и на одлуката за распишување на парламентарните избори на 5 јуни. Демонстрантите беа со транспаренти со натпис „Слободни избори” и „Криминалците зад решетки”.

Најмасовниот протест вечерва се случи во центарот на Скопје каде втора недела по ред се одржуваат протести.

Демонстрантите протестот во Скопје го започнаа пред зградата на Специјалното обвинителство каде изразија поддршка за обвинителите, а оттаму се упатија кон Собранието, Плоштадот, Министерството за култура,а завршија пред Владата на Република Македонија.

Протести во повеќе градови се најавени и за утре.

mapa

Од движењето #Протестирам велат дека преку протестите се бара итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Понатаму, тие бараат итна и неотповиклива оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија; Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО; Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кој ќе биде надлежен за случаите под јурисдикција на СЈО; Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни; Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, како и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Битола Велес Куманово протест протестирам Струмица Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.