НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дисциплински мерки против медицинскиот тим од Гевгелија

0
By Нова ТВ on April 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Против медицинскиот тим кој се фотографирал во операциона сала додека пациентот е со отворен стомак, во крв,  ќе бидат превземени дисциплински мерки, потврдија за НОВА од болницата во Гевгелија. Од таму информираат дека е формирана дисциплинска комисија која ќе земе изјави од целата медицинска екипа, по што ќе биде испратен предлог до директорот за да се поведе постапка за дисциплински престап што подразбира 20 до 30 проценти казна од плата во траење од еден до шест месеци. Медицинскиот тим коj направил селфи додека е пациентот под дејство на анестезија, го повредил Законот за здравствена заштита и Правилникот за хоспитална култура се вели во одговорот од болницата.

„ Во врска со објавените информации дека доктори од гевгелиската општа болница “се сликале со отворен стомак на пациентот” ве информираме дека веднаш по добивањето на информацијата се превземени соодветни законски мерки за санкционирање на здравствените работници инволвирани во случајот. Согласно Законот за здравствена заштита(член 186,став 1,точка1),станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка.

За целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај,кој уште денеска ќе биде доставен до Клиниката за ТОАРИЛУЦ, каде е вработена една од докторките од случајот. Воедно,Општа болница во Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата“, се вели во соопштението од болницата.  Лекари од скопските хируршки клиники за НОВА објаснуваат дека независно од Законот каде што мора да се отстранат сите можни податоци за идентификација,(вклучително и изглед) при објавување на стручни текстови во странски стручни списанија, задолжително се бара и согласност од пациентот кога се прикажува неговиот случај или доколку се користи некој визуелен податок. Згора на се ниту еден од нив не прописно облечен за во оиперациона сала, а инструмнетарката има окриен нос од маската, што сначи не се почитуваат основните принципи на антисептична работа во сала. Објавување на вакви фотографии на социјалните мрежи е недопустливо и се коси со сите етички и законски стандарди велат од таму. За случајот се нема изјаснето Клиниката каде што работи докторката која ја постирала фотографијата на Фејсбук, ниту Министерството за здравство.

болница дисциплинска мерка тим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.