Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Давидовиќ: Снимките на полицајците во цивилка не се валиден доказ

0
By Нова ТВ on May 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 25, 2016 11:42

Снимките и фотографиите на МВР направени од полициски службеници во цивилка за време на протестите не може да се користат како докази, затоа што се направени без наредба за посебни истражни мерки, а службениците не биле легитимирани, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој е застапник на две демонстрантки на Шарената револуција кои утрово беа повикани на распит во полициската станица Беко.

Две од вкупно четири демонстрантки Ана Кркуљ и Ирена Штеријовска се повикани со образложение дека сториле повеќе кривични дела за време на протестите на Шарената револуција врз основа на снимките, за што Давидовиќ  како нивен застапник вели дека доколку тоа се искористи како доказ, тие ќе поднесат кривична пријава против министерот Чавков, командирот и инспекторите, поради злоупотреба на службената положба.

-По Законот за јавна чистота никогаш нашите клиенти не биле сопрени од униформиран полициски службеник, нивните цивилки не вредат ништо по закон и ако не е легитимирано од униформиран службеник или комунален инспектор, прекршокот не е констатиран. Полицијата тоа го разбра и платните налози не ги издаде.  Фотографиите не може да се користат како докази, затоа што наредба за посебни истражни мерки за вакви кривични дела нема, а она што го користи полицијата не е валиден доказ, затоа што е неовластено снимање.

Укажавме дека доколку ги применат фотографиите како докази ќе им поднесеме кривични пријави за злоупотреба на службена положба против министерот, директорот, командирот и инспекторите. Не може да докажат дека на тоа место во тоа време е извршен прекршокот.  Едноставно се разделивме без никаков записник, вели Давидовиќ.

Денеска на распит во полициската станица беа повикани и директорката на Хелсиншкиот Комитет за човекови права во Македонија Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска.

Најчевска го бојкотираше распитот и истури боја врз станицата, додека на нејзиниот адвокат му било соопштено дека таа е казнета со парична казна од 50 евра или општо корисна работа. Истата казна ја доби и Пировска.

-Јас ќе испратам писмо до Министерството за култура да ми се признае авторство на сето боење на „Скопје 2014“ затоа што не ме прашаа кога го правеа и ова е мој акт на разубабување на просторот во кој живеам. Немам намера да платам, да служам каков било општокорисен труд, можеби ќе ме аболицира Претседателот на државата, рече Најчевска.

– Морам да кажам дека на полициските службеници им беше исклучително незгодно од разговорот што се водеше и се трудеа да заврши за што пократко време. И понатаму ќе продолжам да протестирам и не мислам дека со вакви методи на заплашување ќе се спречат граѓаните да излегуваат на протести. Сакам да посетам дека нашите соборци Здравко Савевски и Владимир Куновски се во куќен притвор – тие се манирите, тоа е методот на оваа власт. Луѓето не смеат да бидат обесхрабрени, мора да продолжиме секој ден во 18 часот пред СЈО – до крај, рече Пировска.

Демонстрантите кои денеска беа повикани на распит, пред Беко се појавија придружувани од поддржувачите на Шарената револуција кои реквизитите за боење ги оставија во паркот пред станицата.

Се случи и обид за контра – протест, кога малолетници се појавија со транпаренти  „Народот не е глуп, Најчевска е хулиган“ и „Народот не е цепаница“. По кратка вербална расправија, малолетниците го напуштија местото, а еден од транспарентите кој заврши во рацете на „шарените“ беше исфарбан.

Негодувања за протестот на Шарената револуција пред полициската станица Беко имаше и од дел од локалните жители, додека просторот беше опкружен со кордон од полицајци.

Повикувањето на демонстрантите на распит поради учество и прекршоци сторени на протестите, се случува во повеќе наврати од почетокот на Шарената револуција.

Претходно и професорот Гордан Калајџиев беше казнет со 50 евра поради фрлање на боја за време на протест. Досега на тројца демонстранти им се изречени условни казни,  додека на двајца – Здравко Савевски и Владимир Куновски осомничени за демолирање на Народната канцеларија на Иванов закажено е судење на 31. мај, а тие се во куќен притвор и не го признаваат делото.

#Пировска #Шарена револуција Давидовиќ демонстранти Најчевска протести протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.