Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР продолжува да снима, „шарените“ добија засилување од опозицијата

0
By Нова ТВ on May 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 25, 2016 22:43

Лидерите на опозициските партии Зоран Заев од СДСМ, Фијат Цаноски од ПЕИ, Самка Ибраимовски од ПЦЕР и нивните сопартијци заедно со „шарените“ демонстранти вечерва со боја ја торпедираа фасадата на Министерството за правда во знак на солидарност кон граѓаните кои се повикуваат на распити за прекршоци сторени за време на протестите.

-Овој перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на Шарената револуција беше чин на солидарност кон сите овие другари и другарки кои се под мечот на неправдата и репресијата од страна на оваа власт за да споделиме повеќе илјади граѓани, вклучително и нас лидерите на политичките партии на понесување на одговорноста на фарбање на институциите кои се веќе делигитимирани во Република Македонија. Нека не казнат сите нас, сите кои не гледате како претседатели на партиите, а се илјадници на број. Не може да не казнат, не може да не заплашат. Секој нивен чекор на запшување, значи охрабрување на граѓаните. Влегуваме во финале и бегање нема, секој мора да одговара во Македонија, рече Заев.

Демонстрантите на Шарената револуција денеска доброволно потпишуваа писмени изјави дека учествувале во боењето на институциите, а воедно одобруваа и полномоштво за нивно застапништво од адвокатот Ѕвонко Давидовиќ кој им понуди бесплатна правна помош во текот на распитот за наводните прекршоци.

Активистката Ирена Стеријовска која утринава беше повикана на распит во полициската станица Беко, на денешниот протест порача дека заплашување е погрешна тактика.

-Ова другари е системна грешка. Шарената револуција обележувала и ќе продолжи да обележува се што е грешка во овој систем, затоа ќе им порачам со заплашувањата сте грешка, со Собрание сте грешка, со Министерство за правда сте грешка, со Уставниот суд сте грешка, со Министерство за култура сте грешка и тоа не знаете каква. Грешка сте со цела Владата и сите послушници ќе одговарате, рече Стеријовска.

Освен Министерството за правда, во боите на Шарената револуција повторно беше обоено и Собранието на Република Македонија. Додека припадник на МВР го снимаше протестот, се повеќе граѓани за првпат ракуваа со катапултот и го шараа законодавниот дом, дофрлувајќи му на полицаецот „Снимај бе братучед“.

Граѓаните обединети под Шарената револуција бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, оставка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и итно ослободување на притворените демонстранти. Дел од барањата се и  вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

Се до исполнување на овие барања, тие најавуваат дека нема повлекување од улица.

#Шарена револуција Заев протестирам Фијат Цаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.