НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Талески

2
By Нова ТВ on June 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку стотици граѓани предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во моментов на мирен собир пред Кривичниот суд во Скопје се собрани за поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талесски, кому судот му одреди 30 дневен куќен притвор.

Собирот е мирен, граѓаните пристигнуваат во се поголем број, а во првите редови пред судот се скопските градоначалници Коце Трајановски, Петре Латиновски и Ивица Коневски. Со нив е и пратеникот Андон Чибишев, а се забележува и присуство на граѓани од други градови.

13487450_1133440833364194_1257252569_n 13514476_1133440493364228_1718775462_n

Булеварот пред судот е блокиран од демонстрантите, а други се распоредени на неколкиу локации околу судовите, во очекување на одлуката на Апелација по жалбата од Талески.

Кривичниот суд во Скопје во петокот определи мерка куќен притвор за Талевски, откако СЈО ја обжали првичната одлука да му се одземе само пасошот.

13514493_1133440290030915_913103976_n

Талески е еден од осомничените во случајот Транспортер, во кој 22 лица се товарат за незаконски тендери за транспорт на учениците од училиштата во регионот на Битола.

Истрагата опфаќа вкупно 81 криминално дејствие, спротивни на Законот за јавни набавки и Законот за средно и основно образование, а освен градоначалникот осомничени се уште 22 лица за злоупотреба на службената положба и проневера на пари.

За Талески првично од СЈО бараа само конфискација за дел од неговиот имот, бидејќи и тој се најде на листата на помилувани од Иванов.

По укинување на аболицијата, СЈО побараа мерка притвор за него.

Случајот со превозот на учениците, беше споменат и во 19. „бомба“ на опозицијата, во која министерот за финансии Зоран Ставрески во разговор со екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, споменува дека битолскиот градоначалник за превоз на учениците склучил договор „коруптивен до даска“ со цени десет пати повисоки од предвиденото.

Владимир Талески ВМРО-ДПМНЕ Кривичен суд протест СЈО транспортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.