Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од овој воен удар Турција не можеше да излезе како победник

0
By Нова ТВ on July 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 16, 2016 17:03

Специјално за НОВА:

анализа на професор Стево Пендаровски, поранешен советник за национална безбедност

Наспроти официјалната изненаденост на светските фактори, воениот удар во Турција не беше неочекуван, за што во оваа прилика, еве две работи во прилог.

Поранешниот командант на јужното крило на НАТО вели дека според нивните проценки уште во 2012 незадоволството на воените старешини било на такво ниво што воен удар бил возможен во секој момент.

Второ, на 30 мај оваа година водечкиот светски часопис за меѓународна политика Foreign Affairs објави текст со наслов “Следниот воен удар во Турција”, без прашалник на крајот.

Имено, последнава година заради војната против Курдите и ИСИС, армијата доби многу поголеми овластувања во споредба со претходната декада кога беше систематски маргинализирана. Тоа испровоцира делови од средниот офицерски кадар да се обидат да го повторат успехот на претходните три воени удари, заборавајќи неколку работи.

Прво, турската армија е бледа сенка на некогашниот воен и политички колос заради континуираните кадровски смени и масовни судски процеси, политичката поддршка на процесите на исламизација наспроти секуларизација на општеството и авторитарните тенденции на лидерот кој не толерира други центри на моќ. Последно и најважно, Ердоган на првите директни избори за претседател доби 21 милион гласови, а неговата победа ниту опозицијата не ја оспори.

Не е точно дека Западот му даде бланко поддршка на Ердоган, затоа што се огласи дури откако стана јасно дека поголемиот дел од армијата и безмалку целиот полициски апарат му останаа лојални.

Од демократски аспект, Западот не го сака Ердоган; но, од практичен за нив е сосема сеедно дали на власт е Ердоган или генералите затоа што и во двете ситуации Турција ќе мора да соработува во глобалниот фронт против ИСИС и да ги држи бегалците на своја територија ако сака визна либерализација и трговија со ЕУ.

Не е изненадување што на турските улици немаше граѓански собири кои го поддржуваа воениот удар. Станува збор за двоен парадокс од современ тип: иако половина од народот не го поддржува претседателот, не е едноставно во 21 век јавно да кажеш дека само армијата може да донесе демократија. Од друга страна, иако не поднесуваат инаку мислечки, новите автократи можат јавно да бараат и враќање на смртната казна, но, не можат јавно да предложат укинување на опозицијата.

За жал, од својот последен воен удар Турција не можеше да излезе како победник во било која варијанта. Нејзините претходни ”успешни” воени удари не донесоа ниту повеќе демократија, ниту повеќе пари. Но, и неуспешниот воен удар нема да донесе повеќе демократија, напротив, освен што ќе му помогне на Ердоган да го бетонира режимот, може да биде и фактор за воспоставување на официјален претседателски систем.

Една куса забелешка на крајот за улогата на новите технологии во политиката. При воените удари од минатиот век, анти-армискиот отпор ги користеше традиционалните канали. Меѓутоа, вчера, твитовите на Ердоган беа многу поефикасни од гласот на имамите во џамиите.

анализа воен удар Стево Пендаровски Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.