НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица: Груевски да ги донира сите заштедени пари во 2015 за поплавите

1
By Нова ТВ on August 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради трагичната ситуација во погодените области од невремето, неснаодливоста на државните органи и трагикомичната глетка во која претседател на една партија како во реално шоу ги командува државните функционери за тоа како да се справат со кризата, како што пишува партијата Левица, тие имаат неколку предлог мерки.

Според Левица, треба целосно да се запрат сите проекти од Скопје 2014, а посебно Панорамското тркало и пренамена на средствата за санирање на штетата во погодените места, за помагање на поплавените и за превенирање на вакви штети во иднина.

– Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги донира сите пари кои ги има добиено како донација оваа година за помагање на погодените, а лицето Н. Г да ги донира сите заштедени пари од 2015 год. Донирање на половина јулска плата и сите дневници и патни трошоци до крајот на годината од сите 123 народни избраници и од државните функционери за помагање на погодените. Забрана за прес конференции од политичари во погодените области, се дел од мерките кои ги предлага Левица.

Понатаму партијата смета дека треба да се формира еден координативен штаб во кој нема да има ниту еден политичар, туку само стручни лица од сите засегнати институции и претставници од секое погодено место.

Од ЈСП и Македонски железници, Левица бара бесплатен превоз за волонтери од цела Македонија, за работна ација за расчистување на теренот.

– Ангажирање на градежната механизација од сите градежни фирми кои добиле јавни тендери (Бетон, Гранит, Страбаг, Алпине, Трансмет) за расчистување на теренот. Ангажирање на на теренски возила од сите државни институции (ЕЛЕМ, МЕПСО, Македонски шуми, МВР…) за расчистување на штетите и за дистрибуција на помош. Фирмите кои се занимаваат со продажба на станови бесплатно да ги отстапат празните станови за погодените семејства. (Адора, Настел, Голден Арт…), дополнува Левица.

Од сите субвенционирани земјоделски фирми (Пелагонија, Повардарие, Вардар, Агриа…) Левица бара да донираат храна за лицата од погодените области.

Уште една од предложените мерки е секојдневно организирано собирање на непродадената храна на крајот на денот од сите скопски ресторани, кафеани, пекари, сендвичари, супермаркети и нејзино дистрибуирање до погодените а упатуваат повик до стручни фирми и факултети за изработка на студија за санирање на инфраструктурата и изградба на домовите на граѓаните до крај на годината.

ВМРО-ДПМНЕ волонтери донација Левица Никола Груевски поплави фирми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.