Најмалку 8 мртви и над 60 повредени на свадбена велелба во северниот турски град Газиантеп, потврдија официјални лица во Турција.
Гувернерот на Газиантеп Али Јерликаја за агенцијата „Анадолу њус“ изјави дека се работи за терористички напад.
Експлозијата се случила во сала за време на свадбена веселба на која имале многу луѓе.
На сликите и видеата кои веднаш по експлозијата беа објавени на социјалните мрежи се гледаат мртви и повредени лица.
Газиантеп се наоѓа на 64 километри од границата со Сирија и има околу 1,5 милиони жители.
Во северна Турција во изминатата година имаше неколку бомбашки напади со жртви, поврзани или со Курдските сепаратисти или со Исламската држава.
Пред седум недели во терористички напад на аеродромот во Истанбул беа убиени 45 лица.