НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија: Почина авторот на мундијалскиот пехар

0
By Нова ТВ on October 31, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанскиот скулптор Силвио Газанига почина денеска во 96 година од животот. Зад себе остави бесмртно дело – пехарот наменет за најдобрата репрезентација на светските фудбалски првенства. Креираше дело што победи на конкурсот на ФИФА во далечната 1971 година на кој учествуваа 53 идејни решенија. Прв што го подигна беше Франц Бекенбауер по победата на, тогаш, Западна Германија на мундијалот во 1974 година.

Оттогаш трофејот завршуваше во многу раце. Го подигнуваа тренери, селектори, службени лица на делегации, но честа при примопредавање први ја имаат капитените. По германската фудбалска легенда завршуваше и кај Аргентинецот Даниел Пасарела, кај Италијанецот Дино Ѕоф, се редеа Лотар Матеус, Дунга, Дидие Дешамп, Кафу, Фабио Канаваро, Касилјас, а последен со лента на рака на кого му беше врачен е Филип Лам на СП 2014 во Бразил.

Во 1971 година ФИФА беше принудена да распише конкурс за нов пехар како замена за стариот на Жил Риме бидејќи Бразил го доби во трајна сопственост. Идејата на Газанига за производ што одразува човечка фигура како ја држи земјината топка беше победничка и доби најмногу гласови покрај останатите 52 предлога.

Пехарот е изработен од 18 каратно злато. Тежи шест килограми и набрзо стана симбол на највозбудливото натпреварување во фудбалската игра, неоткинлив дел од нејзината историја и, за многумина, најубав во лепезата на спортови што се присутни во секојдневието.

Западна Германија Италија Пехар Силвио Газанига СП ФИФА Франц Бекенбауер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.