Четири од 16 осминафинални билети во фудбалската Лига на шампиони добија сопственици на две кола до крајот на групната фаза. Најимпресивно својот го букира Атлетико Мадрид кој е единствен со максимален ефект – четири меча, четири побед во групата Д.
Тимот од „Висенте Калдерон“ освои три бода и во реваншот со Динамо Киев на домашен терен. „Јорганџиите“ триумфираа со 2:1 благодарение на двата гола на Антоан Гризман. Францускиот репрезентативец погоди во 28 минута и во четвртата од продолжението, Азмун беше стрелец на единствениот со украинскиот претставник.
Европска пролет во ЛШ осигура и минхенски Баерн. Баварците сами ја исправија неправдата што ја имаа во Ајндховен за што се погрижи Роберт Левандовски. Полјакот израмни на 1:1 во 34 минута од пенал, во 73 минута обезбеди и водство за составот на Анчелоти по голот од офсајд во 14 минута што го постигнаа Холанѓаните, а го признаа судиите.

Арсенал избегна непријатност во Бугарија и успеаја да понесат три бода за Лондон. „Топчиите“ се распукаа по Лудогорец во Софија за конечни 3:2 иако по 15 минути беа во негатива од два гола. Бразилецот Кафу и Романецот Кешеру го совладаа Петр Чех. Неочекуваниот ударот на клубот од Разград, сепак, не значеше и нокдаун за премиерлигашот. Екипата на Венгер брзо се созема и преку Џака во 20 минута намали на 2:1, а до одморот и израмни на 2:2 со голот на Жиру, резултат со кој се влезе и во завршницата на средбата. Но, она што донесе 82 минута беше ремек дело на Месут Езил. Германскиот репрезентативец си поигра со домашните, ја надмудри комплетната нивна одбрана, го мина и голманот и рутински ја погоди мрежата.
ПСЖ го совлада Базел и остана во чекор со Арсенал на табелата. „Светците“ победија на „Сент Јакоб Парк“ со 2:1 со погодоците на Матуиди во 43 минута и Мение во 90 минута, Зуфи беше стрелец на почесниот за Швајцарците кои со Лудогорец ќе водат битка за третото место што води во нокаут фазата во Лига Европа.

И, конечно, Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се реваншираа на Барселона за убедливиот пораз во првиот меч со 4:0. „Граѓаните“ на „Етихад“ триумфираа со 3:1 во дуел „да се биде или не“ за нив. Каталонците поведоа по школската контра во 21 минута што во гол ја претвори Меси по што следуваа три гола на домашните. Два од нив запиша Гундоган во 39 и 74 минута, третиот, прекрасен, го даде Девин де Брујн во 74.
Лига на шампиони
Група А
Лудогорец – Арсенал 2:3
Базел – ПСЖ 1:2
Табела: Арсенал 10, ПСЖ 10, Базел 1, Лудогорец 1.
Група Б
Бенфика – Динамо Киев 1:0
Бешикташ – Наполи 1:1
Табела: Наполи 7, Бенфика 7, Бешикташ 6, Динамо Киев 1.
Група Ц
Манчестер сити – Барселона 3:1
Борусија Менхенгладбах – Селтик 1:1
Табела: Барелона9, Манчестер сити 7, Борусија Менхенгладбах 4, Селтик 2.
Група Д
ПСВ Ајндховен – Баерн Минхен 1:2, Атлетико Мадрид – Ростов 2:1
Табела: Атлетико Мадрид 12, Баерн Минхен 9, ПСВ Ајндховен 1, Ростов 1.