НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски: Договорот не го давам поради најавените кривични пријави

0
By Нова ТВ on November 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со договор за меѓусебна техничка соработка кој лани во октомври го потпишале Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјала е договорено Агенцијата да му отстапи возила на времено користење на министерството, вели за НОВА директорот на Агенцијата Влатко Поповски.

„Во ниту еден момент Агенцијата за вработување не изјави дека возилата кои се предмет на Ваш интерес се отуѓени или дадени на трајно користење, туку истите се отстапени на времено користење согласно склучениот Договор за меѓусебна техничка соработка. Оттука, неспорно е дека сопственик на возилата е Агенцијата за вработување“, рече Поповски.

Од Поповски го побаравме на увид договорот, но тој ни кажа дека поради најавените кривични пријави нема да биде во можност да ни го даде.

„Најавени се кривични пријави и не знам колку е паметно сега да го дадам договорот. Во секој случај испратете вие барање на мејл, па службите ќе одлучат дали да се објави договорот. Можам да ви кажам дека договорот е склучен во октомври, минатата година и треба да го има во двете архиви“, рече Поповски.

На ова, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски рече ни изјави дека дури и да постои ваков договор, ако е потпишан во време кога Спасов бил министер, сега како заменик нема можности да ги користи привилегиите што ги имал како министер.

„Таков договор во МТСП не постои, а ако Поповски има, треба да го даде на увид и јавноста да види за каков договор се работи. Во секој случај, и да постои ваков договор, ако е направен додека Спасов бил министер, тој повеќе нема можност да ги користи привилегиите што ги имал порано“, рече Ременски.

Според Договорот од Пржино потпишан од минатата година, СДСМ доби двајца министри и тројца дополнителни заменици министри во владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со овие промени, Спасов од министер, стана дополнителен заменик министер.

Новите функционери во Собранието беа изгласани на 11 ноември минатата година, што значи во октомври кога го потпишале договорот за меѓусебна техничка соработка, Спасов се уште бил министер.

Агенција за вработување возила Диме Спасов Договор МТСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.