НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасов излезе на одбрано интервју, многу прашања останаа без одговор

1
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невин сум, не нападнаа, вака дополнителниот  заменик министер Диме Спасов се бранеше по инцидентот од минатиот викенд во којшто полицијата тврди дека предизвикал полесни сообраќајни незгоди, бегал од полицијата и сето тоа го направил со службеното возило. Спасов, кој цела недела бега од новинарите, а истото го направи и минатата сабота пред полициската станица, денеска даде интервју за телевизијата Нова и рече дека тоа што се случило во петокот било класична полициско криминална местенка за да се наштети на неговиот углед.

Спасов рече дека по шест дена одлучил да излезе во јавност, затоа што го видел извештајот на Министерството за внатрешни работи, кој според него повеќе личел на партиско соопштение, отколку на полициски извештај.

Не јасно е како го Спасов го видел полицискиот извештај на Министерството за внатрешни работи, кога тој се уште не е објавен.

„Во таква тензична атмосфера, каде што најпрво бев следен, потоа и на два пати по ред, на два обиди, се обидоа напаѓачите да ме извадат од возилото и физички да ме нападнат. Потоа се обидов да бегам, бев нападнат и од лице коишто примени сила врз мене и впери оружје, впери пиштол во мене. Покрај тоа,  на напаѓачите коишто ме следеа, не беа преземени врз нив никакви мерки, односно следеа и ја набљудуваа ситуацијата откако застанавме. Заклучив дека се работи за криминално-полициска конструкција, за смислена местенка којашто има за цел да го наруши мојот углед и да нанесе штета врз мене, а постоеше и опасност по мојата безбедност, меѓутоа опасност и по мојот живот“, рече  Спасов.

Исто така, Спасов не зборуваше за дилемите кои се поставија во јавноста, а кои можат да ги разнишаат тезите кои тој денеска ги изнесе.  Зошто Спасов бегал од полицијата доколку навистина го бркале криминалци кои сакаат да го убијат; зошто неговиот возач вработен во министерството за труд и социјална политика се обидел да го спасува и ноќта по инцидентот пред полицијата тврдел дека тој возел; зошто го оставил сопатникот ако навистиан биле во животна опасност; зошто сопатникот дал друга верзија за настанот; зошто го возел службениот автомобил во петок по полноќ. Овие прашањата не беа одговорени за јавноста, а водителката на интервјуто не ги постави.

Инаку според првото соопштение на МВР, во петокот Спасов возејќи службено возило на Агенцијата за вработување, удрил две возила и додека полицијата ја евидентирала неговата сопатничка, избегал од местото на настанот.

Откако Спасов избегал од местото на настанот каде што бил застанат од полицијата дошол возач од Министерството за труд и социјала и се пријавил дека тој го возел автомобилот.

Од петокот до денешното интервју, Спасов не се појави во јавноста да објасни што точно се случило.

билтен возач Диме Спасов интервју полиција полициско криминална местенка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.