Јавноста ќе биде шокирана кога ќе се дознае целата вистина за мојот случај за кој бев апсен, потенцираше вечерва во Топ Тема, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
– Мојата совест е чиста, прогонителите сега се прогоноети, јавноста ќе биде шокирана кога ќе се дознае се за тоа кога бев апсен.
– Никогаш нема да коалицираме со структурата на ВМРО-ДПМНЕ која ја доведе Македонија во деветтиот круг на Данте Алигиери. Груевски нема лесно да се откаже од власта, вели Бошкоски.
Во емисијата на Телма, Бошкоски, меѓу другото потенцираше неколку пати дека верува во некогашниот негов лидер, Љубчо Георгиевски и дека ги скршиле своите односи со Груевски по враќањето од Шевенинген бидејќи му било забрането да ги посетува општинските комитети.