Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Ризик и нестабилност за глобалната економија

0
By Нова ТВ on November 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 12:21

Глобалните финансиски пазари паѓаат откако државите сојузници на САД почнаа да свикуваат итни средби на нивните финансиски и безбедносни агенции со цел да се процени влијанието по изборот на кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, за претседател на САД.

Изборот на 45-тиот претседател на САД го потресе политичкиот естаблишмент на Вашингтон, а реакциите со истата брзина се прелеаја и во странство, а нивните политички сојузници како и нивните непријатели, се со испомешани чуства во обидите да разберат како магнатот за недвижности и политички аутсајдер ја изведе изненадувачката победа и како таа победа ќе ги промени врските со најмоќната држава во светот.

Јужна Кореја го свика Националниот совет за безбедност, паѓаа финансиските пазари во Јапонија, Франција, Велика Британија, а американскиот долар ослабе против голем број на валути. Британската фунта, пак, не ја подобри својата позиција, што според аналитичарот Алекс Едвардс „е доказ дека на фунтата повеќе не е онаа валута која претставуваше безбедно прибежиште на финансисктие пазари при вакви потреси, благодарние на Брегзит“.

Џереми Кук, аналитичар и брокер од Лондон, за „Гардијан“ вели дека претседателството на Трамп е со далеку поголеми последици по светската економија од она што го предизвика гласот на Британија за излез од ЕУ.

„Големата непознаница е економската политика која тој ќе ја води, а која во кампањата ја базиарше на трговска војна со Мексико, нивниот трет најголем трговски партнер и Кина, нивниот најголем трговски партнер. Брегзит беше во врска со британската нестабилност, Трамп ја носи глобалната нестабилност“, вели Кук.

Според аналитичарите на глобалните финансиски пазари, застрашувачки е дека само неколку месеци по Брегзит, на светот му се случи и Трамп сместен во Белата куќа.

Уште еднаш гледаме дека мачката се смести помеѓу гулабите. Патот на Клинтон до Белата куќа се чинеше толку сигурен пред само неколку часа, а сега се разбудивме во ќор-сокак. Оваа, 2016 година беше година на вознемирувања, но ниедно од тие вознемирувања не е толку страшно и големо како победата на Трамп, вели Крис Бауцхамп, постар финансиски аналитичар од Лондон.

Глобална економија Доналд Трамп ризик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.