Бразилскиот суд го прогласи за виновен Густаво Кертен за затајување на данок во периодот од 1995 година до 2002 година. Поранешниот тениски шампион, сепак, доби шанса да избегне затвор ако ги уплати средствата во државната каса.
Проценките на судот се дека Кертен, победник на Ролан Гарос во 1997 година, во 2000 година и во 2001 година, затаил данок од седум милиони бразилски реали или околу два милиона американски долари. Во седумгодишниот период, тој наместо 27,5 отсто од приходите, во бразилскиот буџет уплаќал по 20 отсто.
Кертен ја нарече пресудата апсурдна. Неговиот изговор е дека, ако сакал да неплаќа данок, можел лесно да го стори тоа со пријава за престој во Монте Карло што не му било цел.