Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс политичар и бизнисмен од Венецуела бил газда на урнатиот авион

1
By Нова ТВ on December 1, 2016 СВЕТ, СПОРТ
Фото cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 1, 2016 00:56

Авионот што се урна во Колумбија и во смрт однесе 71 лице бил сопственост на поранешен левичарски политичар и бизнимен од Венецуела, а оператор била авиокомпанија од Боливија што била специјализирана за превоз на фудбалски екипи, пишува агенцијата „Ројтерс“. Леталото на „Ламија“ што во понеделникот вечер се падна на планина во близина на Меделин ги превезуваше фудбалерите на бразилскиот прволигаш Шапекоенсе кои вечерва требаше да играат против домашниот Атлетико Насионал во финалето на Копа Судамерикана. Меѓу настраданите во стравичната несреќа што ги шокира љубителите на фудбалот, клубовите и колегите ширум светот беа 19 играчи на клубот. Тројца од фудбалската експедиција го преживеаја падот на авионот.

Неколку денови претходно, истата компанија беше избрана за превозник и на репрезентацијата на Аргентина во Бразил во квалификациите за СП 2018, а со нејзин авион леташе и селекцијата на Венецуела во Колумбија.

„Се обидуваме да дојдеме при себе. Оваа трагедија силно нè погоди. Многу летови имаме зад нас, авионот беше оперативен во целост, со нормални параметри и со соодветни инспекции и контроли“, изјави Густаво Варгас, пензиониран генерал на военото воздухопловство.

Според копилот на друг авион во подрачјето на кое се случи несреќата, пилотот на „Ламија“ пријавил дека снемува гориво и дека мора итно да слета.

Модел на паднатиот авион со фудбалери во Колумбија

Авионот со фудбалери и новинари на споменатата авиокомпанија бил единствен исправен од трите со кои оперирала. Станува збор за производ од типот „БА2 146“ или „Аероспејс 146“ на производителот „БАЕ Системс ПЛЦ“ и во сопственост на Рикардо Албасете. Екипата на Шапекоенсе пристигнала со комерцијален лет од Сао Паоло во Боливија каде ја чекал чартерот.

Албасете ја основал компанијата „Ламија“ во Венецуела во 2010 година на која никогаш не ѝ била издадена дозвола за летање, тврди Канцеларијата за цивилно воздухопловство во земјата не објаснувајќи ги притоа причините. Потоа Албасете ги изнајмил трите авиона на посебна компанија „Ламија Боливија“ која од боливиското цивилно воздухопловство добила дозвола за летање во јануари во 2016 година. Компанијата е во сопственост на Мигел Квирога, пилот кој, исто така, го загуби животот во кобниот лет и на Марко Роче, поранешен капетан на оружените сили.

авиокомпанија Болиија Венецуела Ламија Рикардо Албасете Шапекоенсе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.