НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лестер доби „петарда“ на „Драгао“, реми на Борусија Д. на „Бернабеу“

0
By Нова ТВ on December 7, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Порто и Севилја се последните екипи што се пробија во осминафиналето во Лигата на шампиони по дуелите од шестото, последно, коло во групната фаза. Португалскиот состав на „Драгао“ го торпедира Лестер со 5:0 за прв пораз на англискиот првак во дебитантското учество во клупската фудбалска елита на стариот континент. Копенхаген во вториот меч во групата Г го совлада Бриж со 2:0 и напролет ќе продолжи во нокаут фазата во Лига Европа. Белгискиот состав заврши на последното место без бодови како и Динамо Загреб во групата Х.

Севилја, пак, одигра 0:0 на „Лион парк“ против Олимпик што беше доволно за составот од шпанската покраина Андалузија да биде сопатник на Јувентус во топ 16 фазата од групата Х. Јувентус во Торино триумфира против Динамо Загреб со 2:0.

Дербито на вечерта заврши без победник. Борусија Дортмунд ремизира (2:2) на „Сантијаго Бернабеу“ и во ждрепката за осминафинале се најави како првопласирана од групата Ф. „Кралскиот“ клуб водеше со 2:0 со головите на Карим Бензема во 28 минута и во 53 минута, „милионерите“ избегнаа пораз благодарение на Обамејанг во 60 минута и на Марко Ројс во 88 минута. Легија во Варшава го совлада Спортинг со 1:о и го освои третото место во конкуренцијата што значи европска пролет за полскиот клуб.

Тотенхем, пак, ја порази ЦСКА Москва со 3:1 за трета позиција во групата Е и учество во Лига Европа. Баер Леверкузен подобар од Монако со 3:0 во меч без никакво значење за конечниот изглед на табелата со оглед дека на коло до крајот француската екипа го осигура првото место, а германската второто.

Ждрепката за осминафиналните двоки е закажана за понеделник.

Лига на шампиони

Резултати, 6. коло

Група Е: Тотенхем – ЦСКА Москва 3:1, Баер Леверкузен – Монако 3:0. Табела: Монако 11, Баер Леверккузен 10, Тотенхем 7, ЦСКА Москва 3.

Група Ф: Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 2:2, Легија Варшава – Спортинг Лисабон 1:0. Табела: Борусија Дортмунд 14, Реал Мадрид 12, Легија Варшава 4, Спортинг Лисабон 3.

Група Г: Порто – Лестер 5:0, Бриж – Копенхаген 0:2. Табела: Лестер 13, Порто 11, Копенхаген 9, Бриж 0.

Група Х: Јувентус – Динамо Загреб 2:0, Олимпик Лион – Севила 0:0. Табела: Јувентус 14, Севилја 11, Олимпик Лион 8, Динамо Загреб 0.

Борусија Дортмунд Лестер Лига на шампиони Порто Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.