Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управниот суд вечерва во 18 часот ќе одлучува по тужбите на партиите

0
By Нова ТВ on December 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 19, 2016 16:25

Во 18 часот вечерва Управниот суд ќе одлучува за тужбите кои политичките партии ги поднесоа против одлуките на Државната изборна комисија. Како што информираат од Управен прво ќе се разгледуваат две жалби на СДСМ за поништување на решението на ДИК за избирачки места во Теарце. До Судот се стигнати вкупно 5 тужби, една од ВМРО-ДПМНЕ и 4 од СДСМ, за кои тие треба да одлучат најдоцна до утре. Според роковникот, нивните одлуки кои ќе бидат објавени на веб-страницата на ДИК, ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

Тужбата дд ВМРО-ДПМНЕ се однесува на одлуката на ДИК кој што го прифати приговорот на БЕСА, со што го поништи гласањето на едно гласачко место во Гостивар.

4-те тужби кои до Управен ги поднесе СДСМ се однесуваат на гласањето на повеќе избирачки места во 6-та изборна единица, додека пак БЕСА се откажа од можноста да ги обжали одлуките на ДИК со кои беа одбиени 7 нивни проговори.

Одлуките кои во следните 48 часа ќе ги донесе Управен се конечни, а потоа Државната изборна комисија ќе треба да ги сумира резултатите од гласањето.

Според најавата, една од тужбите на СДСМ ќе се разгледува во 18 часот (онаа за одбиениот приговор од ДИК за избирачкото место 1978 во општина Тетово), а во 18,30 часот ќе се разгледува тужбата за одбиениот приговор за избирачкотоместо 2025 во општина Теарце.

За овие тужби избран е совет од следниве судии: Весна Јовановска, претседател, Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски.

 

гласање Дик Избори 2016 партии Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.