Германската канцеларка, Ангела Меркел е шокирана и во длабока тага по нападот за време на божиќните прослави кој се случи вчера во Берлин.
Меркел денеска излезе со реакција во која вели, за германските власти ова е терористички напад, но дека Германија не сака да живее во страв.
– Секој детал од ова што се случи ќе биде откриен а одговорните ќе бидат казнети максимално колку што дозволуваат нашите закони, порача канцеларката.
– Милиони луѓе, меѓу кои и јас се прашуваме како можеме да живееме со фактот дека за време на божиќна прослава некој може да убие толку луѓе. Не сакам да живееме со страв. Ќе најдеме сила да продолжиме да живееме како што знаеме: во слобода, отвореност и заедништво, изјави таа.
На прес-конференција пред медиумите, Меркел рече дека уште полошо ќе биде ако се докаже дека напаѓачот влегол во Германија како дел од бранот мигранти.
Камионот удрил во толпата собрана на Божиќниот пазар во Бреишеидплац, и е сличен на нападот кој се случи во Ница годинава.
Камионот бил голем, а шоферот возел на тротоарот на Божижниот пазар каде се наоѓале многу луѓе во туристички кварт во Белрин, изјави портпарол на полицијата.